За „Црниот петок“, цела недела попусти до 70 отсто во книжарниците „Литература.мк“

Црниот петок“ е ден кој е познат по специјалните понуди и намалувања на цените, а оваа година во сите книжарници „Литература.мк“ ќе трае цела недела почнувајќи од 23 ноември (понеделник) па сè до 29 ноември. Голем број бестселери, книги и сликовници за деца како и производи од реномирани брендови ќе може да се купат на попусти до 70 отсто. Една од најголемите причини поради кои е продолжено времетраењето на попустите, од еден ден на цела недела, е да се избегнат групирањето, турканиците и да се испочитуваат заштитните мерки и правила за држење растојание.

Акцијата ќе важи за сите книжарници во земјава лоцирани на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, во „Веро центар“, во Градскиот трговски центар во Скопје, ТЦ „Буњаковец“, суперпродавницата во „Скопје сити мол“ и на „Широк сокак“ во Битола. Автобиографиите на Мишел Обама и на Новак Ѓоковиќ, „Кери“ и „Тркачот“ од Стивен Кинг, „Танц околу сонцето“ од Ведрана Рудан, „Скоро Парижанка“ од Јана Мишо се само дел од популарните изданија кои се на попуст. Во понудата за деца се наоѓаат популарни книги и сликовници меѓу кои и „Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов, „Патека од кикиритки“ од Ана Аврамоска-Сиљаноска, „Дедо мраз кај Матеј и Луна“ од Билјана С. Црвенковска, „Фантастичниот господин Лисец“ од Роалд Дал, „Робинсон Крусо“ од Даниел Дефо и многу други.

Сите заинтересирани, само во суперпродавницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Сити мол“, ќе може да најдат на попуст и едукативни комплети од брендот „4М“, макети од „Италери“ како и голем избор на чанти, несесери, ранци, дуксери, куфери, паричници итн.

„Црн петок“ или „Блек фрајдеј“ (Black Friday) е всушност неформалното име за денот што следува по еден од најголемите празници во САД – Денот на благодарноста (Thanksgiving). Ова е неформален празник кој го означува почетокот на празничната шопинг сезона.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.