Читателите наградија изданија од „Арс Ламина“ на изборот „Книга на годината“


Издавачката куќа „Арс Ламина“ беше дел од првиот натпревар „Книга на годината“ во земјава, што се одвиваше онлајн на веб-страницата www.kniganagodinata.com.mk, каде што читателите имаа можност да гласаат, а воедно доби признанија во неколку категории. „Сакај ја диво“ од познатиот инстаграм-поет Атикус освои најмногу гласови и беше прогласена за најдобра на листата за „поезија“.

Книгата „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски се најде на второто место во „нефикција“, како и изданието „Хари Потер и каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг во категоријата „книги за млади“. На „Арс Ламина“ ѝ беше доделено и второто место за специјален придонес во издаваштвото за едицијата со ексклузивни изданија од Петре М. Андреевски, илустрирани од неговата внука Воскресија Андреевска.

Во секоја категорија беа номинирани по 15 до 20 изданија. „Девојчето и градот“ на Ване Костуранов се најде на четвртото место на листата за „детски книги и сликовници“. „Се е за*бано – Книга за надежта“ на Марк Менсон е на петто место во „нефикција“, а книгата  „Архангел – ослободување на ѕверот” на Даниел Бибовски е петта во категоријата „книги за млади“.

Ова е првпат да се организира натпревар од ваков калибар во Македонија каде што читателите имаат можност да гласаат за своите омилени изданија. Изборот почна на 10 ноември и траеше до 20 ноември, а според информациите од организаторот, дури 9000 вљубеници во книгите го оставиле својот глас на веб-страницата www.kniganagodinata.com.mk.

Проектот е организиран од порталот „САКАМ КНИГИ“ и е поддржан од Министерството за култура. Во целиот настан се вклучени речиси сите издавачи од земјава со свои номинации, сите библиотеки со свој избор и податоци за фреквенцијата на изнајмување на книгите, неколку книжарници со свои информации за продажба, како и голем број промотори на настанот: книжевни групи на „Фејсбук“, профили за љубители на книги, блогови, портали итн.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.