За светските медиуми е новиот Стивен Хокинг, а Карло Ровели во „Редоследот на времето“ ни ја доближува најголемата мистерија

Никој не пишува за космосот како Ровели, а неговата нова приказна за времето е елегантна и луцидно раскажана без разлика дали се зборува за факти или авторот се впушта во романтични филозофски шпекулации за природата на времето. Вака светски реномираниот весник „Вашингтон пост“ ја оцени книгата „Редоследот на времето“ од италијанскиот физичар и писател Карло Ровели во која на забавен и лесен начин пишува за една од најголемите мистерии во физиката, времето. Делото првично беше издадено од „Пингвин букс“ и доби и аудиоверзија која ја чита еден од најголемите обожаватели на делата на Ровели, британскиот актер Бенедикт Камбербач. „Редоследот на времето“ сега доби и македонски превод во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најде во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на следниот линк

„Пред нас е новиот Стивен Хокинг… Редоследот на времето е неверојатна приказна“, напиша „Сандеј тајмс“. Додека оценката на „Њујорк Тајмс Бук Ривју“ е: „Од поглавје во поглавје, Ровели покажува како современата физика го има поништено вообичаеното сфаќање на времето“. Работата на авторот во најголем дел е во сферата на квантната гравитација и е основач на теоријата на јамчеста квантна гравитација. Исто така има пишувано текстови за некои од најпознатите италијански весници како „Кориере дела сера“, „Соле 24 оре“ и „Република“. Неговата книга „Неколку кратки лекции по физика“ е објавена во 2014 година на италијански јазик и оттогаш е преведена на 41 јазик и продадени се повеќе од милион примероци низ целиот свет.

Во краткиот опис на „Редоследот на времето“ се вели дека времето како физичка величина е енигматично. Филозофите, уметниците и поетите забележале дека неговата структура е различна од нашето едноставно, интуитивно поимање. Од Болцман до квантната теорија, од Ајнштајн до квантната гравитација, нашето сфаќање на времето има претрпено радикални измени. На различни места времето тече со различна брзина, минатото и иднината се многу помалку различни отколку што ни се чини, а во пространството на вселената самиот поим за „сега“ исчезнува без трага. Во овој извонредно забавен, читлив, но истовремено и поучен бестселер на „Њујорк тајмс“, со шарм типичен за некој што е инспириран, Карло Ровели ни ја открива мистеријата на времето, понесувајќи нè на возбудливо патешествие во еден свет во кој времето е во нас, а ние не сме во времето.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.