Романот „Очи на темнината“ кој ги стресе социјалните мрежи со споменување на вирусот Вухан-400, достапен во книжарниците „Литература.мк“

Романот „Очи на темнината“ на Дин Кунц е објавен во 1981 година, но годинава предизвика вистинска бура на социјалните мрежи откако читатели од цел свет објавија делови од книгата кои се чинат дури и предвидувачки. Секако, станува збор за комплетна фиктивна приказна, но е интересна коинциденција што во делото се споменува вирусот наречен Вухан-400. Овој трилер е објавен и на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е достапен во сите книжарници „Литература.мк“ како и да се купи онлајн на следниот линк.

Секако, постојат и големи разлики со вистинскиот коронавирус и оној кој е опишан во романот. А, една од најголемите е дека вирусот во „Очи на темнината“ е развиен како биолошко оружје надвор од градот за да се „истребат“ луѓето и смртноста е 100 отсто. Авторот Дин Кунц е познат по брилијантните трилери во кои често вметнува и елементи на хорор, фантазија, научна фантастика, мистерија и сатира. Многубројни негови книги се имаат појавено на листата најпродавани на „Њујорк тајмс“, има објавено повеќе од 105 романи, новели и збирки на кратки раскази кои се имаат продадено во повеќе од 450 милиони копии.

Во „Очи на темнината“, еден кинески научник по име Ли Чен бега од Кина во Соединетите Американски Држави и со себе носи дискета со записи за најважното и најопасното ново кинеско биолошко оружје во целата деценија. Материјалот го викаат „Вухан-400“, бидејќи е развиен во нивните лаборатории за рекомбинирање што се наоѓаат околу градот Вухан. Тука се испреплетува и приказната за Тина чиј 11-годишен син страда во сообраќајна несреќа. Една година потоа, таа почнува да забележува чудни напишани пораки што велат дека Дени сè уште е жив. Тина е поранешна танчарка во Лас Вегас, а сега е успешна кореографка. Елиот, адвокат и пријател на сопствениците на театарот во кој работи Тина, забележува дека нешто необично се случува со неа. Наскоро, во вртоглавиот развој на настаните, и двајцата се принудени да спасуваат жива глава.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.