Новиот филм „Вештерки“ со Ен Хатавеј е базиран на култен роман од Роалд Дал кој е достапен и на македонски јазик

Филмот „Вештерки“ на реномираниот американски режисер Роберт Земекис е базиран на романот за деца со истиот наслов на авторот Роалд Дал и во моментов е едно од најзборуваните остварувања кај филмската публика од целиот свет. Главните улоги ги толкуваат холивудските ѕвезди Ен Хатавеј, Оливија Спенсер и Стенли Тучи, а оваа авантура веќе е достапна да се погледне и на стриминг сервисот „Ејч-би-о макс“. Земајќи предвид дека зад овој филм стои режисерот Земекис кој е креатор и на „Враќање во иднината“, „Форест Гамп“, „Смртта ѝ прилега“ како и на „Поларниот експрес“, ова остварување веќе е едно од најгледаните.

За љубителите на литературата, романот „Вештерки“ од Роалд Дал е преведен на македонски јазик во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Делото може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ како и да се нарача онлајн на следниот линк. Во фокусот на овој класик на детската книжевност, „Вештерки“, е едно момче кое случајно ќе наиде на клан вештерки и ќе го открие нивниот план да ги претворат сите деца во глувчиња. Тој ќе тргне по помош за да ги одврати вештерките од злите намери. Хатавеј ја игра Врховната Велевештерка, која го контролира вештерскиот свет – ликот што го глумеше Анџелика Хјустон во адаптацијата на книгата на Роалд Дал во деведесеттите години.

Делото на британскиот автор е објавено во 1983 година, а воедно Дал е познат и по уште едно негово култно дело „Чарли и фабриката за чоколада“ кое исто така е преведено на македонски јазик и е достапно во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на веб-страницата www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.