Онлајн промоцијата на „Мистериозниот град под калето“ поместена за 13 ноември, Денот на ослободување на Скопје

Поради технички проблеми, онлајн промоцијата на интерактивната книга за деца „Мистериозниот град под калето“ која требаше да се одржи вчера (четврток, 12 ноември) е презакажана за денес (петок, 13 ноември). Токму на Денот на ослободување на Скопје во 18 часот на фејсбук-страницата „Литература.мк“, гледачите ќе може да дознаат нешто повеќе за новата книга на авторката Александра Тодоровиќ, која е посветена на историското богатство на нашиот главен град. Делото е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“ и може да се купи во сите книжарници „Литература.мк“ низ земјава, како и да се нарача онлајн на www.literatura.mk

Илустрациите во книгата се на Марко Јанев, додека онлајн промоцијата ќе ја води уредничката во „Арс Ламина“, Татјана Димовска-Атанасова. Авторката на делото Тодоровиќ во интeрвјуто објавено на blog.literatura.mk истакна дека книгата е прва од една поширока едиција посветена на Скопје.

– „Скопје од А до Ш“ е наслов на серијалот книги за деца. Прва од серијалот е „Мистериозниот град под калето“ што го обработува османлискиот период на Скопје. Со овој период всушност ја почнувам авантурата за Скопје. За оној дел пред Османлиската Империја, за време на Византија има многу малку податоци и затоа се одлучив да почнам од периодот на Скопје под османлиска власт. Серијалот е замислен така што секоја книга ќе обработува различни историски периоди на градот. Понатаму дејството би продолжило во втората книга за Скопје во време на Кралството СХС, постземјотресно Скопје и приказната би се заокружила со модерно Скопје – вели авторката на делото Александра Тодоровиќ.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.