Ермис Лафазановски: Од она што Марко Цепенков го посеал пред сто години, ние сė уште црпиме

Поговор на книгата „Од згода до згода, заграб бистра вода“ од Васил Мукаетов

Еве една прекрасна можност, оваа година, кога се одбележува стогодишнината од смртта на нашиот најплоден собирач на народни умотворби Марко Цепенков, да се потсетиме на неговите умнозборки, пословици и поговорки, но на еден необичен, инвентивен и, пред сè, поучен начин. „Што ќе посееш тоа ќе ти никне“ вели една стара македонска пословица запишана од Марко Цепенков, а тоа што тој го посеал, и сто години по неговата смрт, сè уште дава поводи да никнуваат постојано нови инспирации и нови творби. И еве, во книгата насловена „Од згода до згода, заграб бистра вода“, на Васил Мукаетов, тој голем вљубеник во македонскиот фолклор, му никнаа песнички. Но, не какви било, туку облагородени со секојдневна мудрост, убави и лесни за паметење, длабоки и полни со чувства. И сите тие посветени им се на децата, зашто, токму децата од најмала возраст треба да ги учиме како да се биде искрен, работлив, на маката другар, на лагата непријател, на мрзливите пример, на лошото со добрина да се враќа. А како поинаку децата да ги научат сите тие морални доблести ако не преку нашата богата традиција, преку искуството што нашите предци кои нивната мудрост собрана од нивните дедовци и татковци ја пренесувале по устен пат на нивните деца, а тие на нивните деца и сè така до денес.

И логично е да се заклучи дека „денес“ не е крајната цел, оти, крајната цел е „утре“, иднината, идните поколенија и генерации, идните деца. Сето ова на Васил Мукаетов му е добро познато, токму затоа се зафати со пишувањето на ова книга, задача што ниту е лесна ниту од минлива природа, туку макотрпна, тешка, и со намера да биде трајна, оти, не е лесно мудроста во рима да се стави и да се пренесе во детските глави, па затоа вели: „…точно е, убаво звучи ’Дури е младо, дете се учи‘“.

Сиот наш македонски усно пренесуван фолклор имал и има една единствен цел – да се бори со заборавот, затоа колку е тој поумен, побогат по лесно достапен, толку тој повеќе ќе трае и ќе векува. Токму затоа Мукаетов во книгата, покрај прекрасно и вешто напишаните песнички, вметнал и неколку поучни народни приказни што во својата суштина не се ништо друго туку раскажани поговорки: „Сè што било поминало и што ќе биди ќе помине“, гласи насловот на една таква приказна собрана и запишана од Цепенков, но се чини дека задачата на Васил Мукаетов и неговата книга „Од згода до згода, заграб бистра вода“ е – тоа што поминало и ќе помине, да се пренесе на идните генерации, за да не се заборави.

Автор: Ермис Лафазановски, современ македонски раскажувач, романописец, историчар и теоретичар на литературата

„Од згода до згода, заграб бистра вода“ како и другите две дела („Ај погоди!“ и „Што е, а што не е?“) на авторот Васил Мукаетов кои исто така се инспирирани од творештвото на Марко Цепенков може да се најдат во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на следниот линк

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.