„Кристалната ноќ“ како и романот „Изброј ги ѕвездите“ се тажен потсетник за насилството извршено врз Евреите

Историјата, особено онаа во текот и пред почетокот на Втората светска војна, е преполна со црни точки кои засекогаш ќе бидат тажен потсетник за насилството и за притисоците кои биле направени врз Евреите. Еден од тие настани е и „Кристалната ноќ“, акт на масовно прогонување на Евреите во цела Германија и делови од Австрија на 9 и 10 ноември 1938 година. Домовите на Евреите биле опустошени во неколку германски градови, како и 8000 еврејски дуќани од страна на цивили и членови на СА (паравоена организација на Нацистичката партија во Германија), кои ги рушеле еврејските градби со токмаци, оставајќи ги улиците покриени со скршени прозорци и излози. Оттаму доаѓа името „Ноќ на скршено стакло“ кога многу Евреи биле претепани до смрт, а 30.000 Евреи мажи биле однесени во концентрациони логори, додека 1668 синагоги биле опустошени и 267 биле запалени.

„Кристалната ноќ“ како и многу дела сведочат за холокаустот на Евреите низ целиот свет, а меѓу нив е и книгата „Изброј ги ѕвездите“ на Лоис Лаури во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, во соработка со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Приказната е вистинска и раскажува за 10-годишната Анемари, мало еврејско девојче од Данска во времето на холокаустот, и е само една трогателна приказна која за среќа завршува позитивно за разлика од онаа на 1.500.000 деца кои го загубиле животот во текот на Втората светска војна. „Изброј ги ѕвездите“ веќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“, да се купи онлајн преку интернет-страницата www.literatura.mk, а воедно е достапна и во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, секој работен ден, освен понеделник.

Се работи за роман за хероизмот на една цела држава и нејзината нација која застанува во одбрана на своите сограѓани Евреи, ковајќи план да го прошверцува преку море до Шведска целото еврејско население од Данска (речиси седум илјади луѓе). Приказната во „Изброј ги ѕвездите“ е преземена од вистински настани. Во воведот авторката и јавно ѝ се заблагодарува на својата другарка од Данска, која ѝ ги пренела нејзините спомени од детството во Копенхаген во 1943 година и станала модел за ликот на 10-годишната Анемари Јохансен.

– Историјата и преживеаните зборуваат за ваквите спасители како во книгата „Изброј ги ѕвездите“ кои никогаш нема да бидат заборавени. „Праведници меѓу народите“ е термин што го користи државата Израел за да ги опише не-Евреите кои ги ризикувале своите животи за да спасат Евреи во холокаустот. Република Северна Македонија е една од земјите кои се запишани на списокот на праведници. Вкупно десет имиња имаат свое место на Почесниот ѕид на праведниците во меморијалниот центар во Израел – Јад Вашем – истакна Жаклина Мучева, раководител на Секторот за истражување, документирање и архивирање во Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија на онлајн промоцијата на „Изброј ги ѕвездите“ која се одржа во јули годинава.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.