Јана Мишо: Производите со ликот на Миа од серијалот „Јас сум Миа“ се наменети за сите храбри и паметни тинејџери

Која е Миа? Таа е млада и храбра девојка која минува низ предизвиците што ги носат тинејџерските години. Таа со секој свој чекор се осознава себеси и расте низ пречките со кои се соочува. Таа е главната протагонистка во двата романи, „Миа во Амстердам“ и „Јас сум Миа“ на македонската авторка Јана Мишо. Приказната за младата девојка полека прераснува во серијал, а делата може да се најдат во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на веб-страницата www.literatura.mk.

Воедно, сите вљубеници во овие книги како и младите луѓе кои сакаат интересни и квалитетни производи може да купат брендирани производи со ликот на Миа, како чаши, маички, моливи, тетратки, платнени торби и дневникот за девојчиња.

– „Јас сум Миа“ е книга за тинејџери и се фокусиравме да се понудат производи кои се дел од нивното секојдневие. Затоа се училишни тетратки, шолји за кафе и чај, моливи, торби и маици, а забавно е и да се размислува со што сѐ може да се прошири листата. И драго ми е што, како автор на серијата, можам креативно да учествувам во сѐ што доаѓа ново поврзано со ликот на Миа – додава Јана.

Еден од најинтересните и најбараните производи е дневникот за девојчиња, односно специјално дизајниран тефтер кој е наменет за младите да ги искажат своите најдлабоки тајни и погледи на светот. За тоа дали се размислува да се објави и верзија за момчиња, авторката Мишо вели дека можно е да се случи.

– Се изненадив колку девојчиња што ми приоѓаа на потпишувањата и промоциите ја поддржуваат оваа, најчесто женска традиција, да водат дневник. Иако вака кога ќе размислам, можеби и не бевме фер и заборавивме дека и машки читаат за Миа и знаат да водат дневници, но никогаш не е доцна да се испочитуваат. Идејата ми беше да направам нешто што и мене и моите другарки би нѐ возбудило на таа возраст, и излезе како што замислив, реакциите се прекрасни – појаснува таа.

За сите оние кои ги немаат прочитано романите за Миа, писателката Мишо вели дека се модерни книги каде централен лик е храбрата тинејџерка.

– Книгата жанровски ги исклучува сите длабоки и сериозни проблеми со кои може да се соочи една тинејџерка. Главниот лик се наоѓа пред „страшни“ проблеми, што сепак не се за занемарување во животот на едно обично девојче, со обичен живот. Секојдневието на Миа е денешно, со сите задоволства и ризици што ги носи технологијата и социјалните мрежи, а сепак, проблемите немаат рамка – друштво, љубов, соочување со себеси, надминување на сопствени лични ограничувања. Да, не решава прашања од животно значење, но не би смееле да заборавиме колку навидум безначајните работи во тинејџерскиот живот ти се важни во моментот кога се случуваат или онаа неизбежна убеденост дека „само мене ова ми се случува“, што од аспект на возрасни ни изгледа комично. Овие проблеми треба да се сфатат сериозно и да им се даде значење, да не се отфрлаат како „глупости“ и младите девојки треба да бидат свесни дека можат сами да си помогнат, само ако разговараат со себе. Ете, тоа е Миа. Стабилна млада личност, што учи, по пат, додека расте, од сопствените искуства. Драго ми е и што успеав да ја осмислам и како личност што не се оптоварува со тоа што мислат луѓето за неа – додава Мишо.

Брендираните производи со ликот на Миа се достапни во сите книжарници „Литература.мк“, а може да се нарачаат и онлајн на www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.