Издавачката куќа „Арс Ламина“ го поддржува велосипедизмот во Македонија

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ја поддржа програмата „Вело Училишта“ и додели книги на учесниците во „Велокамп“ кој се одржа во одморалиштето Михајлово на планината Кожуф, оддалечено 38 километри од Кавадарци. Децата од ЈУ Детски дом „11 октомври“ беа групирани во три возрасни категории и учествуваа во голем број активности кои ги обработуваа темите за велосипедизам и безбедност во сообраќајот. На сите учесници им беа доделени и книгите „Замокот на стравот: Опасна игра“, „Четири пријатели онлајн“ и „Кралот на Каторен“.

Активностите кои беа реализирани се: запознавање и учење на основните информации за велосипедот; деловите од кои е составен еден велосипед; eдукативна игра „Веломеморија“, видови велосипеди; рачни сигнали кои треба да се употребуваат додека се практикува велосипедот; правилно местење на заштитна кацига, eдукативна игра „Кој сака да биде велосипедист?“; учење и совладување на вештини како баланс, контрола, тргнување-запирање; проверка на велосипедот; лепење гума; учење возење велосипед со најмалата возрасна група на деца; полигонско возење и возење велосипед во околина.

– Трите дена поминаа во навистина интересно дружење и децата ни покажаа дека се желни да научат нови работи и да ги унапредат своите вештини за возење велосипед. Учењето преку игра е навистина креативен и продуктивен процес за нив, преку кој ги добиваат основните информации за велосипедот како превозно средство, како и за безбедноста во сообраќајот. Додека, практичното возење и првпат добиеното искуство на специјално подготвен полигон со многу предизвикувачки и интересни препреки, беше посебно доживување, како за децата така за нас возрасните. Вечерните часови, секако, ни беа резервирани за заедничка релаксирана дружба, со многу музика, песна, смеа и радост. Логорскиот оган и заедничкото подготвување храна беа само дел од моментите кои нè зближуваа. Детската неуморност, нивната упорност во совладување на секој нов предизвик, како и постојаната желба да возат велосипед е тоа што нè мотивира нас – велат од организацијата „Еко Логик“ која стои зад проектот „Вело Училишта“.

Издавачката куќа „Арс Ламина“ постојано поддржува иницијативи, проекти или фестивали кои се насочени кон подобрување на општеството во кое живееме.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.