Онлајн промоција на книгата „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ од Марија Костадиновска

Книгата за деца „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ на младата авторка Марија Костадиновска ќе биде промовирана онлајн, во понеделник (2 ноември), во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Делото е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и веќе е достапно во сите книжарници „Литература.мк“ или да се купи онлајн на www.literatura.mk. Промоцијата ќе ја води уредничката Бисера Бендевска, која ќе разговара со писателката за оваа книга, како и за идните планови.

Марија Костадиновска е дипломиран филолог, професионален едриличар и авторка на делото за деца „Вистинска приказна за двете соседни кралства“. Илустрациите во книгата се на Александра Филипоска. Ова воопшто не е некоја обична приказна, туку вистинска е. За две вистински соседни кралства. За Хана, една вистинска кралица и за Фран, еден вистински крал. И не се случило еднаш, некогаш, многу одамна во двете вистински кралства, како во сите други приказни, туку сега вистински се случува…

– Хана и Фран (главните ликови) иако ги имаат своите кралства тие ги губат. Оттука е и првата порака и поука дека ништо не е вечно и засекогаш. За да ги вратат изгубените кралства ќе мора да се потрудат. Насоките се и повеќе од јасни. Најпрвин ќе треба да научат многу нови нешта. Да бидат истрајни. Мудро и логично индивидуално да размислуваат, но да дејствуваат тимски. За на крајот да дојдеме до заклучокот дека најважна е среќата. Успеваат, создавајќи го кралството на среќата. Хана и Фран се сите деца, затоа и оваа приказна е вистинска! – вели авторката Костадиновска.

Младата писателка која не живее во земјава веќе подготвува и нови дела за најмладите кои наскоро ќе ја видат светлината на денот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.