Почна изборот на „Гудридс“ за најдобри книги, меѓу нив и романи кои ќе се читаат на македонски јазик

Една од најпознатите светски веб-страници за книги, „Гудридс“ (goodreads.com), го почна својот традиционален избор за најдобри дела во 2020 година, а уникатноста на овој натпревар е во тоа што читателите го имаат крајниот збор. Победниците ќе бидат прогласени на 8 декември, додека во меѓувреме гласањето ќе се одвива во две етапи. Првата веќе е почната и ќе трае до 8 октомври, а оние дела кои добиле најмногу гласови од читателите ќе преминат во вториот круг. Неколку од номинираните книги во 20 категории, веќе се излезени или се во план да излезат наскоро и на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“. Стручниот тим на оваа издавачка куќа следејќи ја светската литературна сцена постојано, успева да селектира дела кои се атрактивни за читателите од целиот свет.

НАЈДОБРА ФИКЦИЈА И НАЈДОБАР ДЕБИТАНТСКИ РОМАН

Во категоријата најдобра фикција се номинирани „Мојата мрачна Ванеса“ (My Dark Vanessa) и „Драг Едвард“ (Dear Edward), кои наскоро ќе излезат и на македонски јазик. Авторка на „Мојата мрачна Ванеса“ е Кејт Елизабет Расел, воедно делото влезе во финалниот избор и за најдобар дебитантски роман. Во книгата се истражува психолошката динамика на односот помеѓу паметна, но наивна тинејџерка и нејзиниот брилијантен, но манипулативен учител. „Драг Едвард“, пак, е дело на Ен Наполитано кое зборува за 12-годишниот Едвард Адлер и неговиот сакан постар брат, неговото семејство и останатите 183 патници кои се качуваат на лет од Њујорк до Лос Анџелес. Меѓу нив е и генијалец од „Вол Стрит“, млада жена која се помирува со неочекувана бременост, повреден ветеран кој се враќа од Авганистан, бизнис-тајкун и жена со вистински слободен дух.

Линкови до номинациите:

Најдобра фикција

Најдобар дебитантски роман

НАЈДОБРА МИСТЕРИЈА ИЛИ ТРИЛЕР

Книгите „Момчето од шумата“ (The boy From the Woods), „Не си сама“ (You Are Not аlone) и „Списокот гости“ (The Guest List) кои ќе доживеат и македонско издание се дел од листата во категоријата „Најдобра мистерија или трилер“. „Момчето од шумата“ на мајсторот на овој жанр, Харлан Кобен, веќе е достапна во книжарниците „Литература.мк“. Во делото се зборува за човекот познат како Вајлди, кој е мистерија за сите, вклучително и за себеси. Пред неколку декади бил пронајден како момче кое живеело длабоко во шумата, без сеќавања за неговото минато. Откако полициската потрага по семејството на момчето била безуспешна, тој бил даден на посвојување. Сега, триесет години подоцна, Вајлди сè уште не знае од каде доаѓа и живее во шумата во едно предградие, претпочита да биде сам и има само неколку подлабоки врски со други луѓе. Кога ќе исчезне едно локално девојче, познатата ТВ-адвокатка Хестер Кримстајн – со која Вајлди го поврзува еден трагичен настан – ќе го побара да ги искористи неговите уникатни способности за да ја најде.

„Списокот гости“ на Луси Фоли е приказна за еден изолиран остров во Ирска каде се собираат гости да ја прослават свадбата на Џулс Киган и Вил Слејтер. Вил е шармантна телевизиска ѕвезда во подем, додека Џулс е паметна и амбициозна уредничка на списание. Но, и покрај совршената организација, темни облаци се приближуваат, а секој на овој остров има свој скриен мотив и причина да биде таму…

„Не си сама“ е роман на познатиот авторски тандем Грир Хендрикс и Сара Пеканен кој, исто така, стои и зад бестселерот „Анонимна девојка“ кој веќе е објавен од „Арс Ламина“. Шеј Милер сака да најде љубов која ја заобиколува. Сака да биде исполнета, но нејзиното работно место е слепа улица. Сака да припаѓа некаде, но е осамена сè додека не ги сретне сестрите Касандра и Џејн кои ѝ даваат сè за што таа копнее. Шеј би умрела за да ја сакаат, а можеби и токму тоа ќе мора и да го направи.

Линк до номинациите:

Најдобар трилер или мистерија

НАЈДОБРА РОМАНСА

„За пет години“ (In five years) на Ребека Серл го поставува прашањето „Каде се гледате себеси за пет години?“ Кога на врвната адвокатка од Менхетн, Дени Кохан, ѝ е поставено ова прашање на едно на најважните интервјуа во нејзиниот живот, таа веќе има подготвено совршен одговор. Подоцна, по одличното интервју и веридбата со нејзиното момче Дени, легнува да спие знаејќи дека е на вистинскиот пат. Но, кога ќе се разбуди, таа се наоѓа во поинаков стан, со поинаков прстен на нејзината рака и покрај многу поинаков човек. Станува збор за истата ноќ, 15 декември, но пет години во иднината…

Линк до номинациите:

Најдобра романса

НАЈДОБАР ХОРОР

„Колку покрваво“ (If it bleeds) е ново дело на мајсторот на жанрот хорор, Стивен Кинг. Оваа книга е составена од четири приказни кои покажуваат дека се еднакво воодушевувачки и интересни како и претходните. Во овие новели, Кинг покажува дека одредени теми го издржуваат тестот на времето. Еден од најголемите интереси на овој култен автор е злото, а оваа книга е преполна со него. Но, воедно тука е и спротивноста на злото што во универзумот на Кинг е пријателството.

Линк до номинациите:

Најдобар хорор

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.