Васил Мукаетов: Со новите три книги сакам да го доближам творештво на Цепенков до децата

Еден од најактивните македонски автори на литература за деца, Васил Мукаетов, неодамна објави три нови дела за младите читатели „Ај погоди!“, „Што е, а што не е?“ и „Од згода до згода, заграб бистра вода“. Станува збор за книги кои се дел од едицијата „Читанки“ на издавачката куќа „Арс Ламина“ и може да се најдат во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk.

Две од овие изданија, „Што е, а што не е?“ и „Од згода до згода, заграб бистра вода“, се инспирирани од творештвото на Марко Цепенков кој има собрано повеќе од 5000 народни поговорки, пословици, легенди и народни приказни, а годинава се одбележуваат 100 години од неговото творештво. Додека, „Ај погоди!“ е дело во кое се бара и вклученост на самото дете со тоа што ќе ја доврши веќе почнатата песничка од авторот Мукаетов.

Познатиот писател вели дека две изданија се поттикнати од творештвото на Цепенков, со цел на децата да им се приближат народните мудрости.

– „Од згода до згода, заграб бистра вода“ е составена од пословици, поговорки и умнозборки кои се облагородени со народниот дух, лесни се за паметење и полни се со емоции. Со тоа сакав да успееме да им пренесеме на децата животни поуки и да ги научиме дека е добро да помагаш, да бидеш другар, да си чесен и да си работлив. А, со тоа и да се изградат во добри личности – вели Мукаетов.

„Што е, што не е?“ е составена од стихувани гатанки кои, исто така, се поттикнати од творештвото на Цепенков и авторот посочува дека најдобро е децата да ги решаваат заедно со нивните родители.

– Убаво е овие книги возрасните да ги читаат заедно со нивните деца. Детето се учи додека е мало. Корисни ќе бидат и нивните разговори додека ја читаат книгата и на тој начин се градат во совесни и паметни деца – додава Мукаетов.

Третата книга „Ај погоди!“ е составена од песни напишани од Мукаетов каде самото дете треба да биде поет и заедно со авторот да ја завршат секоја песна.

– За третата книга добро е да се има и едно моливче. Собрани се песнички чиј крај треба да го допише читателот. Заедно сме поети и заедно го завршуваме делото. Одлично е и оваа книга децата да ја читаат со возрасните. И возрасните не треба да заборават дека некогаш биле деца – посочува Мукаетов и додава дека „Ај погоди!“ и „Што е, што не е?“ доаѓаат заедно со решенија на загатките и песничките.

Васил Мукаетов со своите читатели другарува од шеесеттите години на минатиот век преку тогашните списанија „Титов пионер“, „Другарче“, „Нова Македонија“ – „Колибри“, сè до денешните „Развигор“ и „Другарче“. Застапуван е во повеќе учебници по македонски јазик и литература за основно образование, а е постојан надворешен соработник во литературното списание „Другарче“ – „Детска радост“. Член е на друштвото на писатели и добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца во 2017 година за „Скокни – прескокни“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.