„Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ е избрана за најдобра книга за деца од 6 до 13 години на фестивалот „Литера“

Книгата „Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ на авторката Катерина Трајановска беше избрана за најдобра книга за деца од 6 до 13 години на фестивалот за детска литература и илустрација „Литера“, кој се одржуваше од 14 до 19 октомври на повеќе локации во Скопје. Победниците ги избра жири во состав: Весна Мојсова-Чепишевска, Александра Јуруковска и Ангела Трајковска. „Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ e во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а илустрациите се на Калиопи Трпчева.

Авторката Катерина Трајановска со нејзиното дело

Фокусот на „Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ е детската игра, конкретно, авантурите на главните ликови: Лили, Мечкина Канџа, Змејски Очи, Зиги и Гризли. Покрај децата, во фокусот на книгата се релациите: возрасни (родители) – деца, деца – деца, деца – ликови од бајките итн.

Оваа приказна не почнува со еден убав сончев ден на ливада, ниту, пак, со викенд на градската плажа. Па, дури ниту со прошетка во продавницата за дрвени играчки. Оваа приказна почнува на најсмешен, најчуден и најневеројатен начин, кога Оливер Томпсон Мекензи Трети, едно петгодишно дете од Шкотска, одбило да се капе во недела – одлука што длабоко ги вчудовидела и стаписала неговите родители. Оли стоел цврсто на својот став: не прифаќал ниеден компромис и одбивал по секоја цена да ги стави нозете во водата, која, како и обично, мирисала на градина со зрели малини. Дури кога конечно го прашале зошто не сака да се капи, Оли им раскажал на своите родители за еден настан што вклучува една дружина од петмина, една метла, една вештерка, една пита од броколи и еден пар смрдливи чорапи.

Наградата ја подигна претставник од издавачката куќа „Арс Ламина“

Катерина Трајановска е родена во Скопје, во 1990 година. Додипломски студии има завршено на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Две години подоцна посетувала курс за веб-дизајнер и од средината на 2016 година е посветена на таа професија. Во 2017 година се пресели во Берлин каде што моментално живее и каде што ја има напишано својата прва книга „Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.