Средношколците потемелно и побрзо ќе го совладаат материјалот со помош на збирките прашања и задачи со тестови

Светската пандемија со Ковид-19 го промени школувањето и наместо во училница, средношколците сега знаењето го добиваат дома пред компјутерските екрани. Токму поради тоа, особено оваа учебна година, треба да се посвети поголемо внимание на темелно совладување на материјалот со цел да не останат „дупки“ во знаењето. Издавачката куќа „Арс Ламина“ постојано ги проширува изданијата на полето на образованието, но во овој текст се вклучени збирките кои ќе им бидат од помош на средношколците и ќе им служат за надополнување и совладување на предвидениот материјал додека ги следат часовите од својот дом. Сите образовни изданија и дидактички помагала можат да се купат во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk

Збирки по математика, хемија и физика за ученици од прва година средно образование

Збирката задачи со тестови по математика е дополнително дидактичко помагало за учениците и наставниците. Содржи задачи со практична примена на наученото како и сложувалки, загатки, задачи за талентирани ученици и за подготовка за натпревари. Како дополнителна помош, се и тематските тестови изработени според Блумовата таксономија, односно составени од повеќетежински задачи за препознавање, сфаќање и примена на знаењата. Збирката е збогатена и со тематски ИКТ содржини за продлабочување и примена на наученото преку практични активности. Збирката може да се нарача на следниот линк.

Збирката прашања и задачи со тестови по хемија, пред сè, е наменета за учениците кои во основното образование предметот хемија го изучувале според новата адаптирана програма од Кембриџ и има за цел да им го олесни преодот од адаптираната програма по хемија во основното, во постојната програма по хемија во средното образование. Прашањата и задачите во оваа збирка имаат различни нивоа на сложеност, со што можат да се утврдат различните степени на знаење на ученикот (препознавање, сфаќање, примена, анализа, синтеза и евалуација). Следејќи ги наставните цели од наставната програма, збирката се состои од неколку дела што опфаќаат повеќе теми организирани во логични целини. Секој дел почнува со прашања за повторување што треба да ги поттикнат учениците активно да се вклучат во содржините и да го продлабочат стекнатото тематското знаење. За секој тематски дел се дадени тестови, предвидени да го сумираат и оценат знаењето на учениците за одредени теми. Тестовите можат да служат за подготовка за тестирање, но и како помош на наставниците за подготвување на часовите за оценување. На крајот од збирката се дадени примери и за полугодишни и годишни тестови. Прашањата, задачите и тестовите се составени од домашни автори со долгогодишно работно искуство во наставата, кое јасно се одразува во изборот и во адаптацијата на содржините што се дел од оваа збирка. При подготвување на прашањата се водеше сметка за нивото на знаење, како и терминологијата што ја усвоиле учениците работејќи по адаптирана програма по хемија за основно образование. Одговорите на прашањата и решенијата на задачите содржани во оваа збирка можете да ги најдете на нашата интернет-адреса resursi.literatura.mk, додека нешто повеќе за збирката може да се најде на следниот линк.

Збирка прашања и задачи со тестови по физика е дополнување и проширување на Националната програма по физика за прва година во средното образование. Има цел на учениците да им помогне полесно да ги совладаат основните концепти од физиката, но и да ги прошири нивните знаења и да им го олесни преминот во постојната програма по физика за средно образование. Освен во редовната настава по физика, оваа збирка може да послужи и за подготовка на матурски испит по физика, квалификациски испити за упис на факултет, натпревари по физика и др., како и да им даде помош на наставниците околу подготвувањето на часовите за повторување на знаењето и за оценување.

Во изданието се опфатени и повеќе решени примери што се состојат од детални одговори и решенија, вклучително и комплетни методолошки упатства и совети што му помагаат на ученикот да ги сфати сложените концепти во физиката. За секоја тематска целина се дадени тестови во кои се опфатени прашања и задачи со различни нивоа на сложеност (заокружување, дополнување, одговори на прашања и решавање на пресметковни задачи). На крајот од збирката се дадени примери и за полугодишни и годишни тестови. Одговорите на прашањата и решенијата на задачите содржани во оваа збирка можете да ги најдете на нашата интернет-адреса resursi.literatura.mk Збирката може да се погледне и да се нарача на следниот линк.

Збирки задачи по математика за ученици од втора и трета година

Збирките задачи со тестови, истражувања и ИКТ-активности за втора и трета година од средното образование се подготвени според наставната програма по математика за втора и трета година во средното гимназиско образование. Покрај задачи за утврдување и примена на наученото, понудени се и многу загатки, сложувалки и игри со кои учениците можат да ги применат своите знаења на забавен и интересен начин. Има и многу практични задачи со кои средношколците можат да ја согледаат примената на наученото во секојдневните активности. Збирките претставуваат важна компонента во дидактичкиот комплет по математика во насока на продлабочување и проширување на знаењата и вештините по математика за втора и трета година.

Збирка по органска хемија за трета година гимназиско и втора година средно стручно образование

Збирката прашања и задачи со тестови по органска хемија е наменета за ученици во трета година гимназиско и втора година средно стручно образование во кои се изучува оваа гранка од хемијата. Има цел на учениците да им помогне полесно да ги совладаат основните концепти од органската хемија, но и да ги прошири нивните знаења. Освен во редовната настава по хемија, оваа збирка може да послужи и за подготовка на матурски испит по хемија, квалификациски испити за упис на факултет, натпревари по хемија и др., како и да им даде помош на наставниците околу подготвувањето на часовите за повторување на знаењето и за оценување. Секоја од темите опфатени во оваа збирка почнува со кратко теоретско резиме, по што следуваат многубројни решени примери што се состојат од детални одговори и решенија, вклучително и комплетни методолошки упатства што му помагаат на ученикот да ги сфати сложените концепти во органската хемија. Следниот дел, Прашања и задачи за вежбање, се состои од четири типови задачи од затворен и од отворен тип (прашања за дополнување, прашања и задачи со понуден избор, прашања за кои се бара да се изведе заклучок дали се точни или не и, на крајот, прашања во кои ученикот е соочен со конкретни барања). Оваа збирка содржи и по два теста за проверка на знаењето на учениците за секое од тримесечјата, полугодијата, како и годишен тест (вкупно 14). Прашањата, задачите и тестовите се составени од истакнати домашни универзитетски професори со долгогодишно работно искуство во наставата, а со тоа ова издание на збирката станува незаменливо помагало во наставата по хемија во средното образование. Одговорите на прашањата и решенијата на задачите содржани во оваа збирка можете да ги најдете на нашата интернет-адреса resursi.literatura.mk.

За полесно исцртување и испишување на структурните формули на органските соединенија, достапна е и „Тетратка по органска хемија“ којашто содржи хартија со шестаголна мрежа. Соодветна е за наставните содржини предвидени со програмата по предметот хемија во средното образование (гимназиско и средно стручно), како и за високото образование. Тетратката може да се погледне и нарача преку следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.