Книжарниците „Литература.мк“ го слават четвртиот роденден со подароци за сите потрошувачи

Првото катче насловено „Литература.мк“ посветено на сите вљубеници во книгата беше отворено на 15 октомври пред четири години, на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје, каде се најдоа изданија од најголемите издавачки куќи во земјава, со акцент на книгите на „Арс Ламина“. Синџирот продавници оттогаш растеше, ја надополнуваше понудата и сега има 7 книжарници низ целата земја, а круната беше овогодинешното отворање на суперпродавницата „Литература.мк“ на вториот кат од трговскиот центар „Скопје сити мол“, која воедно е најголемата книжарница во Македонија. Издавачот „Арс Ламина“ по повод роденденот организира акција во која сите купувачи во книжарниците „Литература.мк“ на 15 октомври ќе добијат подарок сликовница или книга.

Во време на светска пандемија, „Арс Ламина“ ќе го одбележи овој ден грижејќи се за своите посетители и наместо со роденденска прослава или торта, ќе ги почести купувачите со најголемиот подарок, пишаниот збор.

Пред да биде отворена првата книжарница, „Литература.мк“ функционираше онлајн, но со цел да им се овозможи и физички простор на посетителите, пред четири години беше отворена продавницата на ул. „Македонија“. Денес може да се посетат и книжарниците во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“, Градски трговски центар (ГТЦ) и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на „Широк сокак“ во Битола. Сепак, еден од најзначајните новитети е суперпродавница на „Литература.мк“ во „Сити мол“, каде што целиот простор е со површина од 500 квадратни метри со богата понуда на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки и кафе-бар.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.