Октомври – интернационален месец на дислексијата

Октомври е интернационален месец на дислексијата, состојба која е поврзана со потешкотии при читањето и разбирање на прочитаното односно со проблеми при интерпретацијата на визуелните симболи. Според светските статистики, од три до пет отсто од популацијата се соочува со овој проблем додека дури 20 отсто имаат одредени симптоми. Здружението „Ајнштајн“ во нашата земја во текот на овој месец ќе организира голем број активности за кој повеќе може да се дознае на следниот линк  

Проектот „Лесно читливи лектири“ на издавачката куќа „Арс Ламина“ е насочен токму кон децата со дислексија. Издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“, преку својот импринт „Либи“, објави новите лектири, кои се разликуваат од сите претходни лектирни изданија на пазарот, пред сѐ, по тоа што се лесно читливи за учениците, вклучително за децата со дислексија. Изработени се според светските стандарди, а вклучуваат и речник на помалку познати зборови, како и активности за работа на час. Станува збор за поголем дел од листата на лектири за основно образование одобрени од Министерството за образование и наука.

Лектирите се уредени со помош на специјален фонт и според светски утврдени технички стандарди, заради што се одобрени и препорачани и од Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и од Филозофскиот факултет при УКИМ – Скопје. Во тимот на овој проект учествуваа и голем број стручни лица – преведувачи, лектори, илустратори, дизајнери, универзитетски професори, наставници од праксата и други консултанти.

Изданијата вклучуваат и речници на помалку познати зборови, со цел учениците не само да го разберат во целост делото, туку и да го прошируваат својот вокабулар. Лектирите вклучуваат и активности за работа на часот, што ќе бидат од помош не само за наставниците, туку и за самите ученици при подготовка за обработка на лектирата. Во некои лектири се вклучени и поговори, особено за лектирни изданија што се нови на листата од Министерството и првпат ќе се обработуваат во наставата кај нас.

Едицијата на лектирни изданија на „Арс Ламина“ ќе продолжи да се проширува со нови наслови од листата на Министерството, како и со дополнителна препорачана литература изработена во истиот стил.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.