Одблизу со победниците на конкурсот за најдобар необјавен роман „ПЕГАЗ“

„Мртвите знаат најдобро“ и „Лазарка“ се победничките ракописи на конкурсот за наградата за најдобар необјавен роман „Пегаз“ за 2020 година, на кој пристигна 61 ракопис. Владо Јаневски е автор на „Мртвите знаат најдобро“ додека Љупчо Петрески на „Лазарка“, а во продолжение ќе дознаете нешто повеќе за овие двајца писатели.

Владо Јаневски – автор објавуван и во Австралија

Својот ракопис, „Мртвите знаат најдобро“, Владо Јаневски го пријави под скриен идентитет на конкурсот за наградата „Пегаз“. Во романот станува збор за татко и син кои се занимаваат со бизнис на платени убиства без никаква мотивација освен финансиска придобивка, како и понатамошно изнаоѓање решенија за прикривање на труповите.

Јаневски е роден во Прострање, завршил гимназија во Битола, a со универзитетско образование се стекнал во Скопје. Од 1989 година живее во Австралија и често патува по светот. Престојувал во повеќе од 68 земји. Досега ги објавил романите „Чудо зад аголот“, „Под друга капа“, „Маде ин Јабана“ и збирката наградувани раскази „Нема враќање“. Застапен е и со наградувани раскази во книгите „Електролит 2006“, „Електролит 2007“ и во списанијата за литература „Маргина“ и „Балкански книжевен гласник“ (2007, Белград). Во 2006 и 2007 година, под псевдонимите Буши Мит и Бромофон, повеќепати бил наградуван на конкурсот за краток расказ „Електролит“. Застапен е и во антологиите „Македонската поезија во Австралија“ (1996, Сиднеј), „Светски конгрес на поети“ (2003, Сиднеј) и во зборниците „Поетски иселенички меридијани“ (1996, Скопје), „Коти на копнеж и страст“ (2003, Сиднеј). Се занимава и со сликарство, скулптура во дрво, цртање стрипови и илустрирање. Објавил серија карикатури во познатиот австралиски неделник „The Bulletin“. Неговите слики се дел од приватни колекции во повеќе места низ светот.

Љупчо Петрески – писател, преведувач и професор

Љупчо Петрески е автор, преведувач и професор. Живее и работи во Прилеп, а дипломирал и магистрирал на универзитетот „Климент Охридски“ – Битола. Интертекстуалноста, феминистичката и квир теоријата се дел од неговиот предмет на интерес во неговата проза и преводите на кои работи. „Лазарка“ е негов прв роман, а претходно има објавувано прозни текстови во неколку литературни списанија и интернет портали. Овој ракопис е директна референција на истоимената, парадигматична песна од славната поетеса Силвија Плат, во кој авторот – со пристап на изверзиран почитувач на книжевноста, во рембоовска смисла на зборот – ја реконструира библиската приказна за Лазарката и личната приказна на Силвија Плат во поривот да се излезе од сенката на својот идол, маж, љубовник, додека истовремено нејзиното постоење е детерминирано од најчистата потреба за рамноправна љубов.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.