Авторката на книгата „Како да станам моден дизајнер?“ говореше на настан во претседателската резиденција

Авторката на книгата „Како да станам моден дизајнер?“ (издание на „Арс Либрис“, дел од Арс Ламина – публикации) Зорка Тодорова-Младеновиќ, учествуваше на настанот „Три генерации македонска мода – пренесување знаење“, што се одржа во претседателската резиденција на Водно, на 30 септември, на иницијатива на сопругата на претседателот Стево Пендаровски, госпоѓата Елизабета Ѓоргиевска.

На настанот говореше и дизајнерката со светска кариера и редовен професор на Институтот за дизајн и инженеринг на облека на ТМФ/УКИМ, Лидија Георгиева, во чии креации често ја гледаме првата дама. Потоа се обрати авторката Зорка Тодорова-Младеновиќ која зборуваше за почетоците на идејата за мода и текстилната индустрија во земјава како и за нејзината богата професионална кариера, а воедно ја презентираше и неодамна објавената книга „Како да станам моден дизајнер?“

Оваа книга им излегува во пресрет на фантазијата и на желбата на оние кои сериозно сакаат да се занимаваат со модата како мошне креативна применета уметност. Во неа секој ентузијаст ќе најде поддршка и насоки од вистинска професионалка со долгогодишно искуство во оваа област, што ќе му помогнат да го доразвие својот талент и да ги оствари своите замисли.

„Како да станам моден дизајнер?“ е достапна во сите книжарници „Литература.мк“ или за нарачување онлајн, на интернет-страницата http://www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.