Прирачници и вежбанки за полесно учење од дома за ученици од четврто до шесто одделение

Светската пандемија наметна нови правила и процеси во образовниот процес во сите земји, вклучувајќи ја и Македонија. Учењето од дома е голем предизвик и за децата и за родителите, но во сите книжарници „Литература.мк“ може да се најдат вежбанки, тетратки и прирачници кои ќе придонесат секое дете да го примени и провери соодветното знаење. Прирачниците нудат проширување на материјалот обработен во официјалните учебници, а вежбанките се надополнување и генерално, секоја лекција од прирачникот е обработена како посебна вежба во вежбанката (или како наставни листови). Тие во целост ја покриваат Националната програма по природни науки за секое одделение поединечно и ја следат час за час.

Прирачници по природни науки / 4 до 6 одделение

Македонското адаптирано издание на серијалот по Природни науки 4-6 одделение е создадено во целосна согласност со адаптираната наставна програма за природни науки донесена од Министерството за образование на Република Македонија, а неговите содржини се развиени и произлегуваат согласно општите и конкретните цели на оваа наставна програма. Дополнително, материјалот е надграден и со содржини што на учениците ќе им помогнат соодветно да се подготват за сите тестирања и учество на натпревари по предметот Природни науки. Во целосната подготовка на овој серијал (превод, адаптација и проширување на потребниот материјал) беше вклучен поголем стручен тим составен од универзитетски професори, наставници и практичари. Прирачникот по природни науки во издание на „Кембриџ јуниверзити прес“ (Cambridge University Press), заедно со Вежбанката со наставни листови, претставуваат современо дидактичко помагало што им ја нуди сета потребна поддршка и на учениците и на наставниците.

Прирачникот се користи на лесен и флексибилен начин, редоследно следејќи ги целите на наставната програма и поттикнувајќи ги учениците активно да се вклучат во содржините за да ги развијат истражувачките вештини напоредно со тематското знаење. Во Прирачникот има низа идеи за практични активности што ќе им помогнат на учениците во развивање на вештините за научно истражување, кои истовремено ќе ја запознаат и возбудата од научните откритија. Прашањата од деловите „Разговарајте!“ и „Предизвик“ можат да се искористат како појдовна точка за размислување, охрабрувајќи ги учениците да почнат научно да се изразуваат и да ги прошират своите знаења. Прашањата од делот „Провери го твојот напредок“ на крајот од секоја тема можат да се искористат за процена на разбирањето на сето она што било научено. Стручната терминологија што е присутна во прирачникот се воведува постапно, со јасно дефинирање на дадените поими за полесно разбирање и нивно усвојување, со цел да не се оптовари ученикот, а да се запази стручноста. Новите поими попрегледно се издвоени во „Речник“ на крајот од Прирачникот.

Прирачниците се достапни да се купат и онлајн на следните линкови:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13115

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13117

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13119

Вежбанки по природни науки / 4 до 6 одделение

Во Вежбанката со наставни листови се нудат голем број вежби што им помагаат на учениците да го утврдат наученото, да ги вежбаат речникот и научената терминологија, да го применат знаењето во нови ситуации и да развијат истражувачки вештини. Прашањата и задачите во вежбанката се од најразличен тип и имаат различни нивоа на сложеност, со што можат да се утврдуваат различните степени на знаење на ученикот. Како поддршка за поефикасна и поефективна примена на наставната програма по Природни науки, издавачот (преку страницата obrazovanie.literatura.mk) за наставниците обезбедува и бесплатен пристап до мноштво ресурси и идеи за реализација на наставата, како и материјали и совети за родителите (за работа со децата и идеи за проекти надвор од училницата)

Главните цели на вежбите од оваа вежбанка се:

• да се утврди изучуваната содржина предвидена со наставната програма;

• да се охрабрат учениците да го применат стекнатото знаење во нови ситуации и на тој начин да ги утврдат поимите и концептите;

• да ги вежбаат научните изрази и термини;

• да развијат научно-истражувачки вештини, како што се презентирање и толкување на резултатите од истражувањата.

Како поддршка за поефикасна и поефективна примена на наставната програма по Природни науки, издавачот (преку страницата obrazovanie.literatura.mk) за наставниците обезбедува и бесплатен пристап до мноштво ресурси и идеи за реализација на наставата, како и материјали и совети за родителите (за работа со децата и идеи за проекти надвор од училницата).

Вежбанките може да се погледнат на следните линкови:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13120

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13118

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14353

Збирки задачи со тестови и активности по математика од 4 до 6 одделение

Овие книги претставуваат збирки задачи со тестови, игри и активности по математика според националната програма по математика за овие одделенија. Содржините и задачите во збирките се составени од домашни автори, со долгогодишно работно искуство во наставата, што јасно се одразува во изборот и во адаптацијата на задачите и активностите што се дел од оваа збирка.

Содржините во збирките се распределени во согласност со редоследот на наставните цели во програмата и упатството и во целост ја поткрепуваат програмата, давајќи им на децата можност да применуваат стратешко размислување и да се развиваат како самоуверени, иновативни и посветени ученици.

Збирките концепциски се поделени во три дела: задачи, тестови и активности. Првиот дел опфаќа задачи групирани според наставните цели, прогресирајќи од полесни кон потешки, но и задачи што ќе бидат предизвик за понапредните ученици. Во вториот дел е понуден избор на тестови за секое тримесечје, изработени во согласност со индексите на оценување според Блумовата таксономија.

Збирките претставуваат важна компонента во дидактичкиот комплет по математика, во кој се содржани учебникот, работната тетратка, прирачникот за наставници и други ресурсни материјали, а во насока на продлабочување и проширување на знаењата и вештините по математика за ова одделение.

Збирките задачи со тестови се достапни на следните линкови:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11721

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11717

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11716

Вежбанки за работа со компјутер и основи на програмирањето / 4 и 5 одделение

Овие вежбанки се изработени во согласност со содржината на наставната програма по предметот Работа со компјутери и основи на програмирањето. Во вежбанките се понудени активности и задачи за полесно совладување на темите: „Основи на користење компјутер и друга ИТ“, „Програма за мултимедијални презентации“, „Работа со текст“, „Поим за алгоритми и програми“, „Совладување алгоритамско размислување преку игра“, „Креирање едноставни програми во Скреч (Scratch)“ и „Онлајн-живеење“. Вежбанките се замислени преку различни забавно-едукативни активности и игри учениците да ги осознаваат работата на компјутерите и другите ИТ-уреди, работата со програмите за текст и мултимедијална презентација, да ги прошируваат знаењата и да развиваат вештини во креирањето алгоритми и едноставни компјутерски програми. Визуелно-графичкиот концепт на вежбанката е креиран во функција на содржините за да можат учениците да ги следат и да ги реализираат активностите во секоја вежба.

Вежбанките може да ги погледнете на следниот линкови:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11717

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13264

Вежбанка по предметот општество за 4 одделение

Вежбанката по предметот општество за четврто одделение во основното деветгодишно образование е креирана според програмата за овој предмет и ги покрива сите делови од неа. Таа е направена за да му помогне на наставникот за поефикасна реализација на наставните цели, а на ученикот низ игра и активности полесно да ги совлада содржините предвидени со програмата.

Вежбанката е достапна на следниот линк https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13111

Вежбанка по музичко образование за 6 одделение

Оваа „Музичка работилница“ содржи вежби и активности според целите и содржините на темите во наставната програма за ова одделение: пеење, свирење, запознавање со народното творештво, слушање музика од домашни и странски автори, како и музика од сите народи кои живеат во нашата држава.

Во музичкото образование спаѓа проучување и учење музика. Музичкото образование ги опфаќа сите домени на учење, вклучувајќи го и психомоторниот домен (развој на вештини), когнитивниот домен (стекнување знаење) и афективниот домен (подготвеноста на ученикот да прима, да даде свој „печат“ и да споделува што се учи). Истражувањата покажале дека учењето музика го олеснува учењето други предмети и ги зајакнува вештините што децата неизбежно ги користат во други области.

Вежбанката е достапна на следниот линк https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13652

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.