Извадок од книгата „Тошо Малерот: монологија“ од Васко Тодоров (Пеглање)

Ја батка, да ти кажам најискрено, никад не сум се потресуел за ефтина струја, осим у ситуација коа трeба да се пегла! А зашо баш тогаш?!

Коа се пегла, батка, се троши највише енергија и ради тоа ја увек пеглам навечер после дванајс, обично коа ќе си легнат моите!

Ја батка, не сум као некои пробирливи шизици шо се мотаат по градов и пеглам шо ми падне под рука, зашо ко не пегла свашта, не пегла ништа – шо викаат Срби, разбираш! Додуше, рука на срце, поише сакам да пеглам мазни матерјали него вунасти, зашо пеглата боље клизи и не запиња!

Основен услов батка, за успешно пеглање е пеглата да ти биде исправена, то е прво, односно да пазиш да не се испозапалиш за џабе! Исто шо е многу битно е коа пеглаш да го запазуеш принципот на слободна рука, односно коа пеглаш у долниот дел таа рука шо е слободна иде горе и обратно!

Е сеа значи, коа ги знаеш основните принципи, батка, ќе ти објаснам како ја пеглам у ствари! Ја батка, пеглам систематски, за разлика од типови шо пеглаат набрзинка – шо фатил, шо не фатил, а така не се пегла,… не!

Ја шо праам прво! Прво матерјалот го стаам у водоравен положај, односно као мене шо ми одговара, али тоа не се дешава увек, зашо на пример има матерјали шо си бараат пеглање од позади, има некои шо си бараат пеглање од напред, има некои шо си бараат и од позади и од напред, али тоа обично важи за поизносени матерјали!

Второ, шо е многу битна работа, матерјалот пред да почне да се пегла мора да се навлажни! Е сеа, може да се навлажни со пљунка, со рука или со прскалица – оние за потпрснуење! Со влажна крпа, односно заштитен слој, обично пеглам поквалитетни матерјали, за да нема директен додир на пеглата со матерјалот, зашо може да остане нешто и после тој матерјал треба да се носи на чистење!

Е, коа ќе завршам со навлажнуење, после тоа ја зимам пеглата у десна рука, матерјалот го држам со лева и почињам да пеглам, при шо водам сметка да го погодам шавот, и коа ќе го погодам праам брзи покрети напред-назад, за да се задржи влажноста!

Е сеа батка, пошто има матерјали шо не држат влага, односно у сред пеглање може да се засушат, ја у такви случаеви ја отстрануем пеглата од матерјалот и одново го влажнам! Зашо само таков матерјал, батка, значи влажен, може да се пегла! То е закон!

А рецимо, ако пеглаш сув матерјал, може да ти запне пеглата и да го изгориш, односно да го воспалиш, и тој матерјал више пеглање, батка, амин!

Друга работа у вези пеглање е тоа шо пеглам само чисто испрани матерјали, осим у изузетни случаеви ако испадне некое блиц пеглање!

Трета работа е ако матерјалот убаво го испеглаш,то ест го поминеш два-три пути, нема потреба да го пеглаш одма другиот ден, шо значи уштедуеш време и труд!

Ја батка, секој матерјал го пеглам минимум саат време, и ако сум почнал да го пеглам у 12, околу 2 саат тој матерјал е спремен за носење!

И на крај, чисто за информација, да не напраиш јанлаш, да ти кажам дека има матерјали шо не се пеглаат, и тоа се обично погрубите, оние шо ги викаат пери-носи! Тоа значи дека после перењето, коа ќе приметиш дека матерјалот е груб, одма зимаш да го носиш! Со поткошула, нормално!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.