Мини астро-концерти во „Кафе Литература“

Циклусот „Мини астро-концерти“ во „Кафе Литература“ ги поттикна македонските музичари и го збогати културниот живот во време на пандемија.

На 9 и 10 септември, во прекрасниот амбиент на „Кафе Литература“, кое се наоѓа во рамките на ексклузивната книжарница „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“, скопјани можеа да уживаат во шест мини астро-концерти , проект поддржан од Делегацијата на Европската унија. Настанот го означи за отворен евроамбасадорот во нашата земја, господинот Самуел Жбогар, кој своето задоволство од иницијативата, но и од неговото интензивно дејствување на полето на културата и образованието за време на неговиот мандат, го искажа во кусото интервју кое ѝ го даде на авторката на циклусот емисии „Астрорум“, а воедно и идеен творец на „Мини астро-концертите“, Бранка Костиќ-Марковиќ.

Иако, поради сѐ уште актуелната пандемија и строгото почитување на епидемиолошките протоколи, музичките состави беа мали или во скратена формација, музиката што беше создавана беше возвишена, суптилна и раскошна во исто време, и ја истакнуваше целата вештина на врвно уметничко создавање од страна на музичарите. Во овој прв серијал од шест мали концерти, за кој се надеваме дека ќе има свои многубројни продолженија, настапија македонски разнородни состави. Групата „Љубојна“ како квартет, вибрафонистот Антоние Весковски, триото „Тринити Стрингс“, џез-дуото Марија Димитријевиќ и Гордан Спасовски, босанова триото на Јани Костурски, Ѓоле Грујовски и Маја Капсарова, како и најновата, а воедно и најмала, но неверојатно моќна дуетска формација на Дориан Јовановиќ со вокалистката на „Чалгија саунд систем“, Добрила Грашеска. Сите овие 20-минутни концертни „мињони“ се снимени со врвен квалитет од страна на продукцијата „Мунлајт“ и се емитувани и објавени на јутјуб-каналот на „Јуроп хаус“ (Europe House).

„Литература.мк“ уште еднаш се покажа како добар домаќин и постојан поддржувач на квалитетни културни настани, кои придонесуваат во градењето на квалитетна публика, која е главен носител на културните вредности во нашата земја.

Сите шест мини астро-концерти, како и интервјуто со евроамбасадорот Жбогар, можете да ги погледнете на следниве линкови:

Интервју со евроамбасадорот Самуел Жбогар

Настап на „Љубојна“

Настап на Антоние Весковски

Настап на „Тринити стрингс“

Настап на дуото на Марија Димитријевиќ и Гордан Спасовски

Настап на триото на Јани Костурски, Ѓоле Грујовски и Маја Капсарова

Дуото на Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.