„Прес енд плеј“: Водич низ македонскиот џез и музичка култура

Авторот на книгата „Прес енд плеј“ („Press and play“), Ненад Георгиевски, неодамна даде интервју за српското музичко списание „Хај-фајлс“ („Hi-files“) каде што неговото најново дело е истакнато како „водич низ македонскиот џез и музичка култура“. Станува збор за прва книга со рецензии на англиски јазик за современа македонска музика кои воедно се објавени во реномираниот светски медиум „Ол абаут џез“ („All about jazz“) каде Георгиевски пишува веќе 15 години. Делото е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се купи онлајн на http://www.literatura.mk.

Во воведниот текст од интервјуто се истакнува дека кога се зборува за македонска музика, Влатко Стефановски е првото име кое ѝ паѓа на памет на српската публика и, за жал, голем дел од современата музика од нашата држава е непозната за нашиот северен сосед. Авторот на текстот, Никола Марковиќ, вели дека „Прес енд плеј“ е своевиден зборник на текстови и одличен водич низ уникатноста и богатството на сцената која е изградена на ентузијазмот на нејзините протагонисти.

Во рамки на статијата е посочено дека Георгиевски е и селектор и основач на фестивалот на музички документарни филмови „Скопје синема сити“ како и автор на уште две дела со негови интервјуа „Музика и разговори“ и „Уште музика и разговори“.

Целиот текст може да го прочитате на следниот линк: https://issuu.com/hi-files/docs/hi-files97?fbclid=IwAR3n4H7eirMUJjE1o_hlTTEKDRSBSP3o-LAPUVT_rMzkO2QXVX7ITmAqu6E

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.