„Саем на книга“: На 13 септември промоција на книгата „Тошо Малерот: монологија“ и дружење со тројца писатели

На штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“ на 13 септември (недела) ќе се организираат средби со авторите Моџо Килингтон, Билјана Велковска и Оливија Георгиева, додека во 19 часот на заедничкиот саемски промоцентар ќе се одржи промоција на книгата „Тошо Малерот: монологија“.

Moџо Килингтон – потпишување на книги во 13 часот

Авторот Божидар Божиновски алијас Моџо Килингтон зад себе има две дела, „Денот кога не се разбудив“ и стихозбирката „Аутопсија на љубовта“. Тој е писател, сценарист и активист на социјалните мрежи. Во дебитантскиот роман „Денот кога не се разбудив“, авторот ги предизвикува читателите да се преиспитаат себеси и својот живот, да размислат за вистински важните работи, пред да биде предоцна. Приказната во книгата се движи околу педесет и кусургодишниот Пол, кој едно саботно утро станува од спиење и во кујната гледа непознат човек, кој всушност е ангел испратен да го спроведе до рајот. Сфаќа дека е мртов и има неколку часови да реши дали ќе оди или ќе остане. Времето го користи за посета на блиските луѓе, меѓу кои и неговата најголема љубов, Мери. Чувството е поразително – неговиот живот е комплетно промашување. Дали да се врати да ги поправи работите или да замине засекогаш?

Билјана Велковска – потпишување на книгa во 16 часот

Книгата „Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“ на Билјана Велковска ги осветлува двете страни на паричката наречена човек. Од едната страна се чувствата, субјективни и тешки за дефинирање, но многу проучувани, кои претставуваат огромен дел од човековото искуство. Од другата страна е физичкото функционирање и здравјето, што традиционално и погрешно се разгледува одделно од емоционалниот живот. Двете приказни неизбежно конвергираат за да го доловат човекот во кој на неверојатен начин се испреплетени психичкото и физичкото.

Оливија Георгиевска – потпишување на книги во 17 часот

Именка е сè околу нас, сè што има име, секој предмет, од молив до ракета, сите нешта во нашите соби, сите растенија, овошјето и животните, храната – солена и слатка, сите играчки, па дури и самите ние сме направени од безброј именки – нашето тело е именка цело… Глаголот, пак, се однесува на секој збор што покажува нешто што се движи и брза, многу често и оној збор што е како мало дете кое не умее да мирува. Така, на пример – ако пишуваш, значи ја движиш раката, па зборот ПИШУВА ќе биде глагол. Но, исто така, и да седиш и да мислиш, па и да лежиш и да сонуваш – значи дека ти правиш нешто. Е, токму тоа правење нешто е токму глаголот. Со овие зборови авторката и едукаторка Оливија Георгиевска ги опишува своите две книги за деца „Игра со глаголи“ и „Игра со именки“. Сликовниците, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, преку разиграните стихови на Георгиевска и шарените илустрации на илустраторката Ивана Јовановска, го откриваат игривиот свет на именките и на глаголите. Овие книги се наменети за децата, но и за нивните родители и за наставниците.

Васко Тодоров – промоција на „Тошо Малерот: монологија“

Во книгата „Тошо Малерот: монологија“ на Васко Тодоров се собрани сите култни монолози на неговото хумористично алтер-его Тошо Малерот од легендарното шоу „К-15“, но и од скечеви кои досега не се емитувани.

‒ Батка, оваа книга ти е чист импресионизам со примеси на експресионизам, а целта е да се доближи човековото внатрешно битие кон возвишеното во него. Затоа што љубовниот стремеж е чекан, обостраната хемија е длето и сè се сведува на делкање – вели Васко.

Книгата неодамна беше издадена под капата на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Васко Тодоров во моментов е дел од екипата на сатиричната емисија „Фчерашни новости“. Најголемиот дел од популацијата го препознава по легендарните ликови кои ги толкуваше во рамки на шоуто „К-15“ заедно со Бранко Огњановски и Љупчо Бубо Каров. Првата епизода била емитувана на 23 ноември 1994 година на „А1“ телевизија. Шоуто оттогаш обезбедува силна социјална, политичка и економска критика особено на нелогичностите во македонското општество, етничката толеранција, стереотипите и табу темите. „К-15“ во текот на своето постоење е емитувана на повеќе домашни телевизии и останува една од најпознатите хумористични емисии во земјава.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.