„Саем на книга“: На 12 септември, промоција на книгата на Јасмина Делчева Диздаревиќ и средби со тројца автори

Во сабота, 12 септември, издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе организира три посебни активности наменети за сите љубители на пишаниот збор. Во 13 часот на заедничкиот промотивен саемски простор ќе биде претставена книгата „Вежбанка за почетно пишување: графомоторички вежби“ од Ѓорѓи Делчев и Јасмина Делчева-Диздаревиќ. Додека, сите заинтересирани во 17 часот ќе може да се дружат со младата авторка Јана Мишо, во 18 часот со писателката на Ана Аврамоска-Сиљаноска, додека во 19 часот со Даниел Бибовски.

Јасмина Делчева Диздаревиќ – промоција на книга во 13 часот

На заедничкиот промотивен простор на „Саемот на книга“ во 13 часот ќе се одржи промоција на изданието „Вежбанка за почетно пишување: графомоторички вежби“ од Ѓорѓи Делчев и Јасмина Делчева-Диздаревиќ . Основната намена на оваа „Вежбанка за почетно пишување: графомоторички вежби“ е преку систем од графички и мануелни вежби подредени по тежина, раката на детето постепено да се оспособи за изведување на координирани движења и вешто да ракува со приборот за пишување, со што ќе се создадат предуслови за полесно воведување на децата во техниката на пишувањето. Вежбанката е во издание на издавачката куќа „Арс Ламина“ и е наменета за деца постари од пет години.

Јана Мишо – потпишување на книга во 17 часот

Вториот дел од едицијата „Јас сум Миа“ на авторката Јана Мишо неодамна беше промовиран, а фокусот во романот е на новите животни авантури на младата девојка Миа. Првиот дел од серијалот „Јас сум Миа“ минатата година доживеа неверојатен успех и стана омилена книга кај младите читатели. Беше објавено второ издание за само неколку месеци, а во рамки на едицијата беа промовирани и дополнителни производи како дневник, маички, торби, моливи и чаши со цел младите да се идентификуваат со Миа и да почнат да чекорат по нејзиниот пат на самодоверба и независност. Со „Дневникот за девојчиња“, идејата е да се вратат ’старите‘ навики на водење дневник кој за девојчињата може да биде извор на релаксација и ослободување со самиот факт дека ќе ги остават своите емоции и мисли на парче хартија. Јана Мишо досега има издадено 4 дела: „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ кои се наменети за повозрасната публика и двата дела од едицијата „Јас сум Миа“ кои се насочени кон тинејџерите.

Ана Аврамоска-Сиљаноска – потпишување на книга во 18 часот

„Патека од кикиритки“ е прва самостојна книга на Ана Аврамоска-Сиљаноска која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Содржи 14 куси раскази наменети за деца од претшколска и рана школска возраст. Приказните во оваа книга се случуваат во едно мало скришно и магично место за кое не чул речиси никој, а уште помалку се оние што го имаат видено. Тоа место се вика Омвил.

Даниел Бибовски – потпишување на книга во 19 часот

Утопискиот научно-фантастичен роман „Архангел – Ослободување на ѕверот“ е дебитантски роман на младиот автор Даниел Бибовски. Романот ја раскажува приказната на еден тинејџер по име Адам Деи, кој освен со својот пубертет е принуден да се соочи и со комплицираната состојба во која живее, а која е директен резултат на тектонското придвижување на целата цивилизација. По завршувањето на најразорната војна во историјата, Третата светска војна, човековата цивилизација одлучува да го реорганизира светот, со помош на напреднатата технологија. Најголемото достигнување на здружениот труд е тест-населбата Архангел 2009, сместена на Антарктикот, најнегостопримливото место на Земјата. На Архангел се вселуваат врвните умови од сите области: психолози, инженери, биолози, економисти, лекари, физичари, филозофи, па дури и уметници. За многу брзо време проблеми како глобално затоплување, загадување, глад, недостиг на вода за пиење, недостиг на живеалишта и слично, драстично се намалуваат или целосно стануваат минато. И додека се чини дека планетата доживува преродба од секаков аспект, човековите слабости, како што се алчноста и потребата за надмоќ, сè уште демнат зад аголот како најголема опасност.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.