„Саем на книга“: На 11 септември средба со авторката Вики Андонова и промоција на книга на Велко Неделковски

На 11 септември, издавачката куќа „Арс Ламина“ на својот штанд во 17 часот ќе организира потпишување на книгата „Природно убави со Биодевојка“ на Вики Андонова, додека во 19 часот на промотивниот саемски простор е закажано претставување на делото „И не биди млад мајмун“ на Велко Неделковски.

Вики Андонова – потпишување на книгa во 17 часот

Правењето природни средства за нега во сопствените домови не значи само можност за заштеда и забава туку значи и правење козметички производи богати со активни состојки што се од огромно значење за здравјето и за убавината на кожата и косата. Органската козметика веќе 12 години е секојдневие на блогерката Вики Андонова, што резултираше со книгата која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Делото е своевиден водич за нега, но и „козметички готвач“, содржи 175 природни, органски рецепти за нега на лице, тело и коса, што можете да ги подготвите во домашни услови. Рецептите се едноставни, практични, функционални и економични. Поголемиот дел од нив се подготвуваат со состојки што веќе ги имате во вашата кујна.

Велко Неделковски – промоција на книга во 19 часот

Делото „И на биди млад мајмун“ е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата е дел од едицијата „Во еден здив“, во која досега има објавено уште два романа („Туѓо тело“ од Владимир Плавевски, и „Бричење петли“ од Владо Димовски). Станува збор за едиција која ја сочинуваат современи куси романи од македонски автори што буквално се читаат во еден здив.

Венко Неделковски е современ раскажувач, романописец и драмски писател. Добитник е на голем број награди за книги за деца и на награда за животно дело од Македонската радио-телевизија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.