„Саем на книга“: На 10 септември средба со авторите Владимир Плавевски и Ненад Георгиевски

На третиот ден од „Саемот на книга“ на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе се одржат средби со писателите Владимир Плавевски и Ненад Георгиевски. На 10 септември во 17 часот, Плавевски ќе се дружи со обожавателите и ќе може да се добие потпис на неговиот роман „Вампирџија“. Во 19 часот Ненад Георгиевски ќе ја претстави неговата книга „Прес енд плеј“ („Press & Play“) која е составена од рецензии на албуми, на концерти и фестивалски настапи на домашни изведувачи кои биле објавени во реномираниот светски медиум „Ол абаут џез“ („All About Jazz“). „Саемот на книга“ ќе трае до 14 септември на отворениот простор пред „А1 арена СЦ Борис Трајковски“, кај аквапаркот, под монтажни објекти, а „Арс Ламина“ се претставува со повеќе од 300 нови наслови и попусти до 80 отсто.

Владимир Плавевски – потпишување на книгa во 17 часот

Приказните за повампирените мртовци облечени во црно, со долга наметка, залижана коса, блед тен, долги нокти и остри заби, кои навечер ги напаѓаат живите и им ја пијат крвта, често се среќаваат во светската литература и уметност. Кај нас, покрај усните преданија, во вид на застрашувачки приказни за деца, ги има и во записите на Марко Цепенков. Тој пишувал за паранормалните појави ‒ како вампирите, но и за луѓето кои ги ловеле овие грешни души – вампирџиите. Токму овие приказни, пред неколку децении го заинтересирале познатиот македонски лекар, автор и фотограф Владимир Плавевски. Тој почнал да ги проучува приказните за вампирџиите, за кои има напишано сценарио за ТВ-филм, како и романот „Вампирџија“.

Ненад Георгиевски – потпишување на книгa во 19 часот

Првата книга со рецензии на англиски јазик за современа македонска музика кои се објавени во реномираниот светски медиум „Ол абаут џез“ (All About Jazz) на авторот Ненад Георгиевски е насловена „Прес енд плеј“ („Press & Play“). Делото е составено од рецензии на албуми, концерти и фестивалски настапи на изведувачи меѓу кои: Влатко Стефановски, „Леб и сол“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, Џијан Емин, Ади Имери, Гоце Стефковски, Џон Аплелгрин, Зоран Маџиров, „Анастасија“, „Чалгија Саунд Систем“, „Проект Жлуст“, „Скопскиот џез фестивал“, „Офф-фест“ итн. „Прес енд плеј“ („Press & Play“) е резултат на 15-годишната работа на Георгиевски за престижниот медиум „Ол абаут џез“ (All About Jazz).

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.