„Саем на книга“: На 9 септември промоција на романот на Александар Русјаков и средба со Мартин Јованоски

Во рамки на „Саемот на книга“ во Скопје, на 9 септември во 17 часот на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе се одржи средба со авторот на книгата „Зошто јас?“, додека во 19 часот на заедничката сцена е закажана промоција на романот „Курвински хроники“ на Александар Русјаков. Манифестацијата која ќе трае до 14 септември се одржува на отворен простор пред „А1 арена СЦ Борис Трајковски“, кај аквапаркот, под монтажни објекти, а „Арс Ламина“ се претставува со повеќе од 300 нови наслови и попусти кои се движат до 80 отсто.

Мартин Јованоски – потпишување книги во 17 часот

Книгата „Зошто јас?“ (Мојата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади) од Мартин Јованоски е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Делото е пишувано исклучиво од сопственото искуство на Јованоски во борбата со анксиозноста, паничните напади и депресијата, а мотивирано единствено од желбата да го поштеди читателот од сопствениот пекол. Книгата ја истакнува важноста на менталните здравје и хигиена, а истовремено дава одговор на најважното и најчесто поставувано прашање: „Зошто јас?“.

Александар Русјаков – промоција на книга во 19 часот

Новото, петто дело на писателот Александар Русјаков, „Курвински хроники“, го носи поднасловот ’роман сошиен од шест парчиња време‘ и, како што вели и самиот автор, посветен е ’на сите искрени курви среде овој лицемерен и лажлив свет‘.

– „Курвински хроники“ ме ’малтретираше‘ неколку години, вовлекувајќи ми се помеѓу свеста и совеста. Овие хроники се плод на долгогодишно истражување на женските колена и колкови среде модната писта на човечката гротеска исткаена од лажен морал и искрено лицемерство. А, не сакам да пренесувам пораки. Тоа си е работа на читателот. Некои ќе извлечат порака, некои поука, а некои може да го извлечат и подебелиот крај – вели авторот Русјаков.

„Курвински хроники“ минатата година влезе во потесниот избор на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман, што втора година по ред се организира од издавачката куќа „Арс Ламина“. Првата, необработена верзија на романот беше високооценета од жирито, по што доби можност за објавување од издавачката куќа. Промоцијата на „Саемот на книга“ ќе ја води уредничката на „Курвински хроники“, Бисера Бендевска.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.