„Саем на книга“: На 8 септември средби со тројца писатели на штандот на „Арс Ламина“

Посетителите на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“ на „Саемот на книга“ на 8 септември ќе можат да се запознаат со авторите Душко Трифуновски, Зоран Михајлов и Зорка Тодорова-Младеновиќ. На првиот ден од оваа манифестација посветена на пишаниот збор која се одржува под отворено небо пред „А1 арена СЦ Борис Трајковски“, кај аквапаркот, под монтажни објекти, сите заинтересирани ќе може да добијат потпис од тројца писатели. 

Душко Трифуновски – потпишување книга во 17 часот

Душко Трифуновски е автор на романот „За три дена рече ’да‘“ кој изобилува со смеа и хумор, зачинет со неочекувани пресврти во животите на младите луѓе. Тој е млад и оставен, а таа е млада и никогаш не била вљубена!

„Софи нервозно го погледна часовникот за да види колку доцни на првиот работен ден во винарницата „Супвин“, но часовникот беше застанат. Погледна зад неа и виде дека пајак ѝ го крева автомобилот поради лошото паркирање. Проклетство! Ништо во животот не ѝ оди како што треба.“

Зоран Михајлов – потпишување книга во 18 часот

Најинтересните приказни, помалку познати сведоштва за успесите на македонските спортисти низ историјата, како и детали од средбите со светските асови, доајенот на македонското спортско новинарство, Зоран Михајлов ги „спакува“ во својата прва книга „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“. Тој ќе го потпишува своето дело на 8 септември (вторник) во 18 часот на штандот на издавачот „Арс Ламина“.

Зорка Тодорова-Младеновиќ – потпишување книга во 19 часот

Сите идни креатори и вљубеници во модата, со помош на книгата на Зорка Тодорова-Младеновиќ може подетално и стручно да дознаат како може да станат модни дизајнери. Во работниот и мисловниот процес на создавање мода, идните дизајнери постепено ќе навлезат со новата книга „Како да станам моден дизајнер?“ која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Станува збор за прва книга од ваков тип кај нас. Изданието им излегува во пресрет на фантазијата и на желбата на оние кои сериозно сакаат да се занимаваат со модата.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.