Бестселерот „Каде што шумата се среќава со ѕвездите“ доби македонско издание

Книгата „Каде што шумата се среќава со ѕвездите“ е прекрасна, човечка приказна напишана од авторката Гленди Вандера која нè потсетува дека понекогаш мора да погледнеме подалеку од врвовите на дрвјата кон ѕвездите и да дозволиме да влезе светлина во нашите животи. Делото веќе е преведено на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на www.literaturа.mk 

Романот беше ставен на листата на бестселери на „Вол Стрит Журнал“ и на „Вашингтон Пост“. Ова неверојатно дебитантско дело е за мистериозно дете кое успева да научи двајца странци како повторно да сакаат и да веруваат.

Kade sto sumata se srekjava (1)

По губењето на мајката и борбата со ракот на дојка, Џоана Тил продолжува со истражување на птичјите живеалишта во Илиноис што ги почнала во текот на дипломските студии. Решителна во намерата да докаже дека неволите не ја скршиле, работи од утро до мрак. Нејзината осаменичка рутина е прекината кога пред вратата на нејзината колиба ќе се појави босоного дете, целото со модринки.

Девојчето, кое се претставува како Урса, тврди дека е пратена од ѕвездите да посведочи за пет чуда. Џо, загрижена за детето, ù дозволува да остане со неа – барем додека не ја открие вистината за нејзиното минато.

За да ја реши мистеријата со заскитаното девојче, Џо бара помош од својот повлечен сосед Габриел Неш. Оваа необична тројка ќе изгради цврста емоционална врска, но како што се ближи крајот на летото, сите нивни болни тајни излегуваат на површина, а нивните судбини се препуштени на ѕвездите.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.