Приказната за генијалниот Артемис Фаул на македонски јазик во „Литература.мк“

Велат „книгата секогаш е подобра од филмот“ затоа што читајќи секогаш можеме да ја отвориме сопствената имагинација и да создадеме лик кој е наш, специфичен и уникатен. Од неодамна во сите книжарници „Литература.мк“ може да се најде книгата за 12-годишниот гениј Артемис Фаул на авторот Овен Колфер, а воедно врз основа на ова дело, филмскиот гигант „Дизни“ креираше и фантастична авантура која е достапна на „Ејч-би-о Гоу“ (HBO Go).

Artemis Faul (7)

Артемис Фаул е немилосрден криминален генијалец. Тој е наследник на генерација криминални умови и го бара својот татко кој мистериозно исчезнал. Со помош на неговиот лојален заштитник Батлер, Артемис тргнува во потрага. Ниедна сплетка не е премногу подла, ниеден план не е премногу подмолен. А тој штотуку откри дека самовилите постојат. Но, тие не се нежните суштества од приказните за добра ноќ. Тие се вооружени. Тие се опасни. Артемис ја киднапира капетан Холи Шорт, за да ја размени за самовилско злато. Холи е неверојатно опасна и многу изнервирана околу целава работа со киднапирањето. Артемис Фаул ќе открие дека самовилите знаат да го возвратат ударот…

Artemis Faul (6)

„Артемис Фаул“ е серија од осум книги напишани од ирскиот автор Овен Колфер во кој се појавува генијалецот Артемис Фаул. Овие дела добија позитивни критики и се продадоа во голем број примероци низ целиот свет. Исто така, тие се инспирација за адаптацијата во графички новели.

Делото е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и освен во сите книжарници „Литература.мк“ може да се нарача и онлајн на www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.