Промоција на книгата „Press & Play“ на Ненад Георгиевски на џез-фестивалот во Прилеп

Првата книга со рецензии на англиски јазик за современа македонска музика кои воедно се објавени во реномираниот светски медиум „Ол абаут џез“ (All About Jazz) на авторот Ненад Георгиевски е насловена „Прес енд плеј“ („Press & Play“) и на 29 август (сабота) во 20 часот во Прилеп ќе има и своја промоција која ќе може да се проследи во рамките на „Прилеп џез викенд“ (Prilep Jazz Weekend) фестивалот.

Делото е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се купи онлајн на www.literatura.mk

FB event Press Play

„Прес енд плеј“ („Press & Play“) е составена од рецензии на албуми, на концерти и фестивалски настапи на изведувачи меѓу кои: Влатко Стефановски, „Леб и сол“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, Џијан Емин, Ади Имери, Гоце Стефковски, Џон Аплелгрин, Зоран Маџиров, „Анастасија“, „Чалгија Саунд Систем“, „Проект Жлуст“, „Скопскиот џез фестивал“, „Офф-фест“ итн.

– Книгата претставува збир од мои текстови за македонската музичка култура кои ги имам пишувано 15 години за „Ол абаут џез“ (All About Jazz). Се работи за рецензии на изданија и концерти на различни генерации македонски музичари. Со години, тие текстови претставуваа единствен увид за тоа што се случувало креативно на музички план во Македонија, но напишано на јазик и платформа каде милиони читатели имале пристап. На неа гледам како на важен документ за современата македонска музичка култура – вели Георгиевски.

Уредникот Дамјаноски во својот предговор посочува дека кај авторот во изминатите 25 години, откако го познава, нема минато ниту еден ден кој не бил поврзан или погоден од музика.

– Тој има широко и длабоко познавање на историјата на музиката од 20 век, преку неговата страствена колекција албуми како и преку различни формати кои индустријата ги произведува во текот на изминатите 40 години. Понатаму, тој бил сведок на развојот на современата македонска музичка сцена и активен учесник во културниот живот на Скопје и Македонија. Сето ова го подготви за задачата што ја презеде станувајќи автор, работејќи за бројни списанија, весници во Македонија и на Балканот. Сепак, најзначајниот дел од неговото резиме е како новинар и неговата соработка со „Ол абаут џез“ (All About Jazz), која почна во почетокот на 20 век – објаснува уредникот на „Прес енд плеј“ („Press & Play“), Дамјаноски.

„Прес енд плеј“ („Press & Play“) е дело распослано на 200 страници во кои секој вљубеник во музиката може да ужива.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.