Наскоро: Првиот роман за младата детективка Агата Одли добива македонски превод

Запознајте ја 13-годишната Агата Одли, храбра и решителна хероина која е ѕвезда на нова и модерна серија на детективски романи за деца. Првиот дел од оваа едиција, „Агата Одли – Тајниот клуч“, на авторката Лина Џонс наскоро добива и македонски превод во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот ќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на веб-страницата http://www.literatura.mk.

Agata Odli (1)

Агата Одли е детективка откако знае за себеси – само го чека првиот голем случај за решавање. А, нема ништо поголемо од тоа да се спаси градот Лондон од некои чудни случувања. Со живеалиште среде Хајд Парк, соба полна со омилените детективски романи и таен клуч што ѝ овозможува пристап до еден цел скришен дел на Лондон, Агата е совршено подготвена да ја реши оваа мистерија. Но, кому да верува, кога никој не е онаков како што изгледа…

Според светските медиуми и книжевните критики, се работи за одличен роман за младите на возраст од 11 до 14 години. Романот го карактеризираат брзото темпо и динамика на настани, одлично опишаните ликови како и мистериите што воедно се интересни и за повозрасните читатели.

Иако мистеријата е секогаш во фокус на насловите, приказната е насочена кон Агата и нејзините пријатели и нивните истражувачки способности.

Романите од едицијата АГАТА ОДЛИ се романи кои што се читаат во еден здив, а детективката Агата со леснотија ќе стане новата пријателка на секој млад читател.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.