Фото: Васко Тодоров ја потпишуваше книгата „Тошо Малерот: монологија“ во суперпродавница „Литература.мк“

Васко Тодоров или познат по своето алтер-его Тошо Малерот вчера (17 август) ја потпишуваше својата книга „Тошо Малерот: монологија“ во суперпродавница на „Литература.мк“ лоцирана во „Скопје сити мол“. Голем број обожаватели се појавија на настанот, а ова дело веќе може да се купи во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на веб-страницата http://www.literatura.mk. Во „Монологија“ се собрани најпознатите монолози на Тошо Малерот снимени со „К-15“, но и скечеви кои досега не биле емитувани на телевизија.

Tosho - slika

Книгата беше издадена неодамна под капата на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Васко Тодоров во моментов е дел од екипата на сатиричната емисија „Фчерашни новости“. Најголемиот дел од популацијата го препознава по легендарните ликови кои ги толкуваше во рамки на шоуто „К-15“ заедно со Бранко Огњановски и Љупчо Бубо Каров. Првата епизода била емитувана на 23 ноември 1994 година на „А1“ телевизија. Шоуто оттогаш обезбедува силна социјална, политичка и економска критика особено на нелогичностите во македонското општество, етничката толеранција, стереотипите и табу темите. „К-15“ во текот на своето постоење е емитувана на повеќе домашни телевизии и останува една од најпознатите хумористични емисии во земјава.

Tosho - slika 1Tosho - slika 2Tosho - slika 3Tosho - slika 4Tosho - slika 5118047994_1175609946140781_1517812533285243079_n

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.