Ерина Богоева говори за архитектонскиот брутализам во Скопје во интервју за медиумот Brand of people

Фотографката Ерина Богоева која е автор на монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963 ‒ 1990)“ неодамна даде интервју за списанието „Бренд оф пипл“ (Brand of People), самостоен дигитален простор посветен на креативци, креатори и создавачи на култура. Богоева е добитник и на престижната наградата „13 Ноември“ која ѝ беше врачена за ова дело кое е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации “, а книгата наскоро ќе го добие и своето второ издание. Монографијата содржи осумдесетина фотографии со објекти изградени по скопскиот земјотрес. Модерната архитектура претставува основна тематска преокупација во овој циклус фотографии. Во фокус се 30 објекти создадени во втората половина на дваесеттиот век, меѓу кои: Управата за хидрометеоролошки работи, Телекомуникацискиот центар, Градски ѕид (блоковите и кулите), студентскиот дом „Гоце Делчев“, Домот на Армијата, Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ и други. Гледано од архитектонска перспектива, Богоева нè навраќа на најважниот период од историјата на развојот на градот – периодот на интензивната постземјотресна обнова.

skopje-erina-fb-post-so-nagrada

Интервјуто во списанието „Бренд оф пипл“ (Brand of people) е со наслов „Скулптурите меѓу кои живееме: Ерина Богоева го доловува брутализмот“. Овој разговор го прави Џулија Волерс (која живее на релација Скопје, Милано, Богота и Вашингтон) и е втор дел од серија посветена на подобро разбирање на архитектонскиот стил што доминира во Скопје кој како што наведуваат е познат како „европска претстолнина на брутализмот“. Со оглед на тоа дека има израснато во овој град, Ерина вели дека за неа е „неочекувана муза“ во изминатите 10 години креативна работа.

Како првпат се заинтересиравте да ја фотографирате скопската бруталистичка архитектура?

Растејќи, јас никогаш не ги загледував зградите, тие беа моето природно опкружување. Отсекогаш живеев во центарот на градот или некаде во близина, среде многу брутализам, и секогаш ги гледав како мој секојдневен пејзаж или, всушност, град. Сè до 2012 година кога еден пријател дојде во градот и тогаш почнав да размислував за тоа. Тој е германски режисер и работеше на проект во Скопје. Му ја покажав околината и тој беше толку импресиониран од овие бруталистички згради, од овие „чудовишта“, што почнав да ги забележувам и сфатив дека тие се посебни, но кога ги поминувате секој ден, тие стануваат навистина обични. А, не се. Така во 2012 година првпат почнав да работам на проектот.

Erina 1

За твојата книга?

Прво, беше изложбата во 2017 година во Музејот на современа уметност во Скопје. Но, изложбата не беше доволна – опфатив само десет или дванаесет од зградите во Скопје – и сфатив дека тие заслужуваат поголем проект. Тогаш ја почнав книгата. Во исто време, градот Скопје даваше грантови за вакви проекти и тие обезбедија навистина значителен дел од грантот за да работам на книгата. Дојдов до „Арс Ламина“, издавачот, и тие беа навистина заинтересирани. Значи, тоа беше заеднички проект меѓу нив и градот.

Социјалните медиуми денес се насочени кон сликата како метод за консумирање на содржина. Сè се менува во таа насока. Дали забележавте заживување на интересот за брутализмот откако се случи оваа промена?

Дефинитивно. Активно истражувам и работам на проектот од 2012 година и секоја година, мислам дека има малку поголемо внимание на брутализмот, модернизмот и на социјалниот модернизам, како своевидна подружница. Продолжувам да гледам како уметниците се враќаат на таа тема и тоа не само фотографи. Гледам производители на накит заинтересирани и под влијание на тоа, графички дизајнери, многу различни типови уметници. И, тоа е прекрасно. Оваа архитектура ја има во изобилство во Источна Европа и би било грев ако луѓето не обрнуваат внимание и не се инспирираат од тоа.

Erina 2

Кога првпат се преселив во Скопје во 2004 година, навистина бев зачудена од архитектурата што ја најдов таму. Штом ја надминав таа првична реакција, ми се допадна што има расположение во неа, оние многу графички форми. Чувствувам дека малку се зголемува бројот на луѓето кои се гордеат со тоа.

Апсолутно. Брутализмот и модернизмот што ги имаме во Скопје е роден по големиот земјотрес во 1963 година, кога се појави потреба да се обнови целиот град. И тоа е моментот кога се издигна оваа архитектура. Тогаш беше современо и затоа во голем дел е концентирана во Скопје. Можете да ја најдете и во други градови, како и низ целата земја, но не толку концентрирано. И работа, се разбира, затоа што е изградена во тоа време, има тежок историски контекст со социјализмот. Таа ја носи стигмата на Југославија (до одреден момент) за одредени генерации. Мислам дека новите генерации не се засегнати од таа стигма. Тие не знаат каква е Југославија, во смисла на тоа дека не живееле во Југославија. Тие живееле во Македонија. Затоа, тие можат да ја извадат (оваа архитектура) надвор од социјалистичкиот или комунистичкиот контекст и да ја ценат за уметничкото дело што е. Јас сум навистина среќна што се случува тоа, бидејќи поради тоа го правев и овој проект: Не сакам нашето урбано наследство да биде стигматизирано со одредена временска точка или контроверзен историски контекст.

Erina 3

Интересно е што има цел спектар на мислења во врска со естетиката на брутализмот.

Па, знаете, не можете навистина да разговарате за вкусови. За некои луѓе брутализмот не е според нивниот вкус. Можеби повеќе им се допаѓаат нови работи или архитектурата на проектот „Скопје 2014“. Можеби брутализам не е нивниот стил и тоа е добро. Но, мислам дека мислењата се под големо влијание од историскиот контекст на зградите.

Целото интервју со Ерина може да го прочитате на следниот линк http://www.brandofpeoplemagazine.com/erina-bogoeva-captures-brutalism/

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.