Онлајн промоција на „Девет – роман во илустрирани приказни“ на белградскиот дизајнер Славимир Стојановиќ-Футро

Книгата „Девет ‒ роман во илустрирани приказни“ на еден од најпознатите графички дизајнери во регионот, Славимир Стојановиќ-Футро, ќе има онлајн промоција на 18 август (вторник) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Делото е преведено на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“ и веќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на www.literatura.mk

Книгата со илустрирани раскази е автобиографски и емотивен роман на Славимир, составен од 47 кратки раскази од најраните почетоци на неговата кариера и со вклучени илустрации од дизајнери – пријатели на авторот, која во соседна Србија и регионот стана хит за многу краток период. Онлајн промоцијата и разговорот со Футро ќе ги води уредничката во „Арс Ламина“, Татјана Димовска-Атанасова.

Futro slika za fb nastan (3)

Славимир Стојановиќ-Футро е белградски дизајнер, визуелен уметник, креатор на лајфстајл брендот „Футро“ и автор на серијалот детски сликовници „Авантурите на Синги Лумба“. Неговите проекти во доменот на дизајнот имаат добиено повеќе од 300 меѓународни награди. Добитник е и на наградата за животно дело на Здружението за пазарна комуникација на Србија. Ова е негов прв роман.

Приказната во неговиот роман е фокусирана на Саво Николиќ, познат дизајнер, кој на деветгодишна возраст паѓа на глава и доживува тежок потрес на мозокот со целосно губење на помнењето. Триесет години подоцна сплет од драматични случувања предизвикува помнењето постепено да почне да му се враќа, сè додека не наврши девет години, вторпат.

Futro

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.