Едицијата „Македонски книжевни класици“ на „Арс Ламина“ се збогатува со стихозбирката „Скопјани“ од Гане Тодоровски

Едицијата „Македонски книжевни класици“ во која се објавени единаесет дела од Петре М. Андреевски, наскоро ќе се збогати со поетско издание од уште еден значаен македонски писател и академик, Гане Тодоровски.

Станува збор за стихозбирката Скопјани, првпат објавена во 1981 година, која – како што ќе напише самиот автор – претставува „мал колаж од песни и други стихозборја и тивкозборја, игрозборки и зборограпки, сонофатки и досеќавалки, слова, записи, документи, препеви паметења, и уште други зборовни итроштини, врзани исклучиво за Скопје и за скопјани“.

Skopjani (1)

Новото издание на стихозбирката Скопјани е дополнето со модернистички илустрации од уметникот Ивица Спасовски, кои успешно се надоврзуваат на семиотиката на оваа книшка и со својот современ изглед учествуваат во реактуализацијата на личностите и местата опеани во нивното некогашно постоење, правејќи читателите на моменти да се почувствуваат како непосредни сведоци на слученото.

Гане Тодоровски е поет, преведувач, универзитетски професор, есеист, академик, амбасадор. Роден е во Скопје, во 1929 година, каде што го оформува своето образование и каде што го поминува целиот свој работен век, како професор на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Со книжевна активност почнува да се занимава непосредно по ослободувањето, пишувајќи за весниците „Нова Македонија“, „Пионерски весник“, „Нов ден“ и други. Неговото богато творештво брои над 220 наслови од областите на поезијата, критиката, есеистиката, литературната историја, патеписот, литературниот запис, публицистиката, историографијата, културологијата, препевот, антологичарството. Тој припаѓа на носечката поетска генерација писатели што ја афирмираат современата македонска литература во светот. Неговите дела, главно поезија и есеистика, се преведени на многу светски јазици и тоа: албански, англиски, бугарски, влашки, грчки, есперанто, кинески, ромски, руски, српски, турски, хрватски, чешки и шведски јазик. Добитник е на најпрестижните книжевни награди во Македонија, меѓу кои: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Браќа Миладиновци“, „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Димитар Митрев“, наградата „Ацо Шопов“ и други.

Од 1951 година е член на Друштвото на писателите на Македонија, а притоа во два наврати и негов претседател. Во периодот 1970-71 година е претседател на Советот на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“. Тој е првиот амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. Од 1997 година е член на Македонската академија на науките и уметностите. Умира во 2010 година, на 81-годишна возраст.

Во едицијата „Македонски книжевни класици“ досега беа објавени повеќе дела на Петре М. Андреевски: романот „Тунел“; во едно издание расказите „Боемите“ и стихозбирката Пофалби и поплаки; потоа (во едно издание) незавршениот и последен роман на Андреевски, „Бежанци“ и збирката песни Јазли; стихозбирката Лакримариј; романот „Последните селани“; стихозбирката Дални наковални, романот „Скакулци“ и стихозбирките И на небо и на земја и Вечна куќа: тажаленки. Во посебна едиција објавена е и поетската збирка за деца Шарам барам.

Книгите може да се купат во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.