Дознајте повеќе за Били Ајлиш, лошата девојка во музиката, во биографијата на македонски јазик достапна во книжарниците „Литература.мк“

Биографијата на девојката која ненадејно ја презема и редефинираше светската поп-сцена, Били Ајлиш, дело на Сали Морган, веќе е преведена на македонски јазик и може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на www.literatura.mk. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“.

Bili Ajlish (2)

Били Ајлиш го погоди светот на музиката како бура. Од нејзиниот уникатен звук до стилот на девојка со став, таа е навистина една и единствена. Оваа книга е спакувана со фантастични факти, одлични совети и информации. Може да откриете сè што ве интересира за оваа музичка мегаѕвезда.

Били Ајлиш Пајрат Беирд О’Конел е родена на 18 декември 2001 година и е американска пејачка и текстописец. Нејзиниот деби сингл, „Ocean eyes“, станал популарен и собра 132 милиони прегледи на „Спотифај“ (Spotify) во октомври 2018 година. Додека нејзиниот деби албум, „Don’t smile at me“, бил издаден во август 2017.

Музичкиот магазин „Ролинг стоун“ ја оцени како девојка која прави триумф на „невообичаеното“, додека весникот „Њујорк тајмс“ ја етикетираше како поп-ѕвезда која излегува надвор од рамките на веќе виденото.

Во нејзината биографија може да се прочитаат сите нејзини ставови за музиката, но и за животот воопшто.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.