Илустрираната книга за деца „Огромниот крокодил“ е дело на познатиот автор Роалд Дал кој воедно стои и зад една од најпопуларните книги за малите, но и за големите читатели, „Чарли и фабриката за чоколади“ (исто така, објавена на македонски јазик од „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“). Книгата во која се зборува за еден алчен и страшен крокодил е преведена на македонски јазик и може да се купи во сите книжарници „Литература.мк“ или онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk
Приказната е на Дал, додека илустрациите се изработени од Квентин Блејк кој за својата работа ја има добиено и интернационалната награда „Ханс Кристијан Андерсен“. Во оваа илустрирана книга се зборува за еден злобен крокодил кој сака да јаде малечки момчиња и девојчиња. Но, останатите животни се презаситени од неговите трикови, па се здружуваат за да го прелажат нивниот „пријател“, еднаш и засекогаш!
„Огромниот крокодил“ првпат е објавена во 1978 година и е дел од богатиот опус на Дал. Неговите книги се продадени во повеќе од 250 милиони копии низ целиот свет, а во 2008 година, Роалд Дал се најде на листата „50 најголеми британски писатели од 1945 година“ на „Тајмс“. Сепак, неизоставен дел од убавината на оваа книга се и илустрациите на Блејк кој е патрон на Асоцијацијата на илустратори основана во Велика Британија.