Онлајн промоција и разговор со контроверзниот философ Славој Жижек за неговата нова книга „Пандемија“

Новата книга „Пандемија“ на контроверзниот словенечки философ Славој Жижек ќе биде онлајн промовирана на 23 јули (четврток) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Ќе може да се погледне разговорот помеѓу авторот и уредникот на изданието Филип Видиновски, каде пред сè ќе може да се слушнат ставовите на Жижек врзани за тоа како ситуацијата низ која минуваме ќе го смени светот и глобалната економија. Поднасловот на „Пандемија“ е „Ковид-19 го тресе светот“ и делото преведено на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Pandemija sliak za fb (1)

‒ Делата на Жижек се протегаат од Хегел до Бетмен преку анализи на актуелните светски состојби па сè до комплетно сериозни осврти во разликите на дизајнот на веце-школките во европските земји. Напишал безброј колумни за најтиражните светски списанија, редовно се појавува на најпознатите светски телевизии, а неговите јавни предавања ширум светот речиси без исклучок предизвикуваат огромен интерес. Жижек напиша нова книга „Пандемија – Ковид-19 го тресе светот“, а ние во издавачката куќа „Арс Ламина“ ја издаваме на македонски јазик. Оваа книга, иако кратка, нуди зачудувачки јасна перспектива за новата светска ситуација, што инаку е тешко видлива поради медиумскиот шум – објаснува уредникот Видиновски.

Жижек е роден во 1949 година и во доменот на неговиот интерес се филозофијата, психоанализата, културологијата, филмската критика и политичката теорија. Во 1989 година ја пишува првата книга на англиски јазик која го става на светската писателска мапа и оттогаш има издадено десетици дела и есеи. Неговата книга „Пандемија“ веќе е достапна во сите книжарници „Литература.мк“, а може да се купи и онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.