Педесеттите години на минатиот век во многу аспекти претставуваат период на репресија на жените, но холивудската дива Мерилин Монро успеа да „скрши“ многу бариери и да го освои светот со своите убавина, талент и шарм. Писателката Мишел Морган има посветено голем дел од нејзиниот опус токму на оваа ѕвезда, а нејзиното дело „Мала книга за Мерилин“ е преведена на македонски јазик. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и веќе е во продажба во сите книжарници „Литература.мк“, како и онлајн на веб-страницата www.literatura.mk .

Книгата веќе е во продажба во сите книжарници „Литература.мк“, како и онлајн на веб-страницата www.literatura.mk .
Станува збор за водич за животот и оддавање почит на стилот, гламурот и моќта да забавува, на најголемата холивудска икона. Вметнати се инспиративни лекции од Монро наменети за денешните жени кои ќе можат да ги најдат внатре: упатства за тоа како да изгледаат како ѕвезда; совети за стил и каде да најдат парчиња облека во стилот на Мерилин; идеи за декорирање од нејзиниот дом; секојдневна инспирација од животот на Монро и сеќавања на обожаватели, прекрасни фотографии и многу повеќе.
Авторката Мишел Морган воедно е и биографка, продуцентка и колумнистка. Нејзината прва книга со наслов „Именикот на Мерилин Монро“ (The Marilyn Monroe Address Book) излегува во 1993 година и исто така е посветена на светската ѕвезда. Голем дел од нејзините дела се посветени токму на Холивуд и неговите ѕвезди, како и на гламурот, но и заднината на оваа навидум совршена приказна.

Авторката Мишел Морган воедно е и биографка, продуцентка и колумнистка