„Младиот Кастро“ е детален портрет на човек кој беше „трн во окото“ на претседателите на САД

Книгата „Младиот Кастро“ на авторот Џонатан М. Хансен претставува интимен портрет на раните години на Фидел Кастро во кој воедно се прикажува и како младиот Кубанец неочекувано ја водеше земјата во револуција и го „транснформираше“ светот. Ова дело е веќе преведено на македонски јазик и може да се купи во сите книжарници „Литература.мк“ како и онлајн на веб-страницата www.literatura.mk

Книгата ќе направи да размислувате поинаку за Фидел Кастро. Досега, биографите го третираат неговото дело како прогонувачи со цел да осудат човек кој не го сакаат или не сакаат да го разберат. „Младиот Кастро“ ги предизвикува читателите да ги остават настрана карикатурите или сликите на Фидел како човек кој пуши пури и кој е комплетно антиамерикански настроен и да осознаат како Кастро всушност станал диктатор кој бил „трн во окото“ на претседателите на САД во период кој е долг речиси половина век.

Mladiot Kastro

Ова дело ќе направи да размислувате поинаку за Фидел Кастро

Џонатан Хенсен е првиот американски историчар, по генерации, кој успеал да обезбеди пристап до архивите на Кастро и воедно да направи соработка со неговото семејство и најблиските соработници. На тој начин добива пристап до стотици писма кои дотогаш не биле прочитани како и можност да направи интервјуа со луѓе кои првпат зборуваат за нивните впечатоци за овој човек.

Резултатот е неверојатен портрет на личност која е решена да биде лидер кој најпрвин е брилијантен, арогантен, храбар и решителен, но на крајот од сè, сепак е човек.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.