Романот „Есен во Венеција“ на Андреа ди Робилант е дело посветено на Ернест Хемингвеј и неговата последна муза, кое веќе може да се најде во книжарниците „Литература.мк“ и да се нарача онлајн на веб-страницата www.literatura.mk. Станува збор за издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Делото веќе може да се најде во книжарниците „Литература.мк“ и да се нарача онлајн на веб-страницата www.literatura.mk
Во есента 1948 година, Хемингвеј и неговата четврта сопруга првпат патуваат во Венеција, која култниот писател ја нарекува „апсолутно проклето прекрасна“.
Една година пред неговиот педесетти роденден, Хемингвеј нема објавено роман речиси една деценија, а тогаш ја запознава Адријана Иванчич, впечатлива венецијанска девојка, која само што го завршува училиштето, и се вљубува во неа.
Во оваа книга, Андреа ди Робилант, со блескава јаснотија ни ја прикажува оваа изненадувачка, долгогодишна врска, во која Адријана инспирира човек триесет години постар од неа да го заврши своето последно големо дело.
Хемингвеј ја користи Адријана како модел за ликот на Рената во „Преку реката и во шумата“ и продолжува да ја посетува Венеција за да се гледа со неа; додека Иванчичеви се во Куба, Адријана е присутна додека тој ја пишува новелата „Старецот и морето“.

Неговата муза, Адријана, е присутна додека тој ја пишува новелата „Старецот и морето“.
„Есен во Венеција“ е извонредна приказна за еден писател и неговата муза – која истовремено ја испитува цената што треба да ја плати една млада жена поради нејзината поврзаност со еден писател кој е жива легенда – и претставува интимен поглед на последните години на Хемингвеј.