Новата книга „Пандемија“ на Славој Жижек кој го нарекуваат „најопасниот философ на Западот“ веќе е во продажба во сите книжарници „Литература.мк“ и може да се купи онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk.
Тој во новото дело обработува актуелна тема што во моментов „ја изместува Земјата од својата оска“ и воедно со своето уникатно гледиште ни го разоткрива нејзиното подлабоко значење. Книгата со поднаслов „Ковид – 19 го тресе светот“ е преведена на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Повеќе за делото може да прочитате на следниот линк: https://blog.literatura.mk/2020/07/10/naskoro-najnovata-kniga-na-slavoj-zhizhek-na-makedonski-jazik/