Онлајн промоција на романот за деца „Изброј ги ѕвездите“ за хероизмот на Данците во спасувањето на Евреите во Втората светска војна

Романот за деца „Изброј ги ѕвездите“ од авторката Лоис Лаури во кој се зборува за спасувањето на Евреите од Данска, прикажан преку личната приказна на едно еврејско семејство, ќе биде промовиран онлајн во понеделник (13 јули) во 19 часот, а настанот ќе може да се проследи на „Фејсбук“ страницата „Литература.мк“.

Izbroj gi dzvezdite post za fb (1)

Книгата е објавена во соработка со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

На онлајн промоцијата ќе се обратат: уредникот на изданието, Бисера Бендевска и Жаклина Мучева која е раководител на Секторот за истражување, документирање и архивирање во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Воедно, за да ја доближи содржината до читателите, младата Мартина Атанасова ќе прочита неколку извадоци од романот, во кој дејството го води 10-годишната Анемари Јохансен која со своите родители и помалата сестра живее во Копенхаген во екот на Втората светска војна.

„Изброј ги ѕвездите“ е роман за хероизмот на една цела држава и нејзината нација која застанува во одбрана на своите сограѓани Евреи, ковајќи план да го прошверцува преку море до Шведска целото еврејско население од Данска (речиси седум илјади луѓе).

Лоис Лори е американска писателка од Хаваи и има објавено повеќе дела за деца и за тинејџери. Позната е по тоа што пишува за широки и комплексни теми, притоа насочувајќи ги кон помладата публика.

Романот веќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“, да се купи онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk и во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.