НАСКОРО: „Храбри наместо совршени“ на Решма Саџани ги повикува жените да одберат иницијатива наместо перфекција

По нејзиниот говор на популарната конференција „ТЕД“ (TED) во 2016 година каде ги мотивира девојчињата да преземаат предизвици наместо да ја „бркаат“ перфекцијата, американската политичарка и адвокатка Решма Саџани ја издава книгата „Храбри наместо совршени“. Сега, ова дело добива и македонски превод во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒публикации“. Книгата наскоро ќе може да се најде во сите книжарници на „Литература.мк“ или да се купи онлајн на интернет-страницата www.literaturа.mk.

Korica

Решма Саџани е основач на организацијата „Девојчиња кои кодираат“ (Girls who code) и воедно е прва Американка со индиско потекло која се има кандидирано за Конгрес. Нејзиниот инспиративен говор на платформата „ТЕД“ (TED) досега е погледнат повеќе од 5 милиони пати. Таа во нејзината книга ги охрабрува жените и девојките да ги прифатат несовршеноста и храброста.

Замислете да живеете без страв дека не сте доволно добри. Дека не ви е гајле како изгледа вашиот живот на „Инстаграм“ или што мислат комплетни туѓинци за вас. Замислете си дека лесно се ослободувате од чувството на вина и сте престанале да се распарчувате себеси поради ситни грешки. Што доколку, при соочување со секоја одлука, сте го одбрале похрабриот пат?

Во „Храбри наместо совршени“, Решма споделува моќни согледувања и искуства со кои ќе ни помогне да ја надминеме нашата обука за совршено девојче и да ја направиме храброста наша доживотна навика. Со тоа ќе станеме храбри наместо совршени. Сите можеме да станеме креатори на нашиот најхрабар и најсреќен живот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.