Модниот дизајнер Никола Булески – Буле гостин во „Астрорум“

Модниот дизајнер Никола Булески – Буле е гостин во новото издание на емисијата „Астрорум“. Тој создава уникатни парчиња облека кои прилегаат совршено. Покрај колекциите презентирани на нашите модни случувања и линиите создадени за неколку македонски конфекции, тој дизајнира и персонализирана облека за ВИП клиенти од земјава и странство.

Инаку, Никола Булески – Буле е роден 1967 година во Охрид. Студирал англиски јазик и книжевност, но набрзо фасцинацијата од модата го зема приматот во неговите окупации. Кариерата ја започнува во 1990 година како самостоен моден дизајнер, презентирајќи ги своите бројни  колекции на модниот саем „Модест“ во Скопје, но паралелно бележи и учества на меѓународни модни случувања во Романија, Литванија, Сицилија и Босна и Херцеговина.

Помеѓу 2002 и 2004 година, заедно со „Даматекс“ го лансира својот прв дизајнерски бренд во Македонија COLLECTION, а потоа оди во „Матис“ и го промовира истоимениот бренд со колекција од крзно. Колекциите на модните додатоци од крзно што ги произведе овој бренд беа одлично примени на модните саеми во Германија и во САД.

Во академската 2004/2005 година, Булески ги заврши студиите на престижниот Иститут „Марангони“ во Милано, односно успешно ја заокружи програмата за моделирање и производство на облека. Во 2006 година тој основа свое дизајнерско студио и лансира сопствен  бренд. Првата колекција која го носи потписот „Никола Булески –Буле“ е претставена на Скопската модна недела во 2007 година, а со тоа е најавена  и новата `black label` колекција, која ја лансира на модната недела во Сараево. Најновата `black label` колекција ја претставува во 2008 година во Битола, а подоцна и на Сараевската модна недела.

Никола Булески своето искуство и знаење го пренесува и како професор по дизајн. Од февруари 2008 до јуни 2010 година предава „Уметност и дизајн“ на Европскиот универзитет (ЕУРМ) во Скопје, а од август 2013 до септември 2014 година има шанса да работи како предавач на ЕСМОД во Куала Лумпур, Малезија.

Последниве години, покрај работата како „фриленс“ дизајнер и главен обмислувач на  модните линии на колекциите на брендот „Бела“, тој е предавач и на Академијата за моден дизајн на Школата за уметност и дизајн „Џолев и уметностите“ по предметот „Конструкција на облека со техники на кроење и шиење“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.