Два романа од мајсторот за трилери Харлан Кобен наскоро на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Два романа од еден од најпознатите автори на трилери, Харлан Кобен, наскоро ќе бидат објавени на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Станува збор за новите книги „Момчето од шумата“ и „Бегај“. На делата на овој американски автор воедно се базирани и неколку хит ТВ-серии меѓу кои последните „Странецот“ (The Stranger) и „Шумите“ (The Woods) се најгледани на стриминг-сервисот „Нетфликс“.

Романот „Бегај“, што првично беше објавен лани, е напнат трилер за една исчезната ќерка. Таа била зависничка од дрога и од момче кое ја малтретирало. На родителите им ставила јасно до знаење дека не сака да биде најдена. Потоа, сосем случајно, таткото ја сретнува како настапува како уличен изведувач во њујоршкиот Централ парк. Но, таа не е девојката која ја памети. Оваа жена е изгубена, исплашена и очигледно во неволја. Тој не размислува ни за момент и ѝ приоѓа, ја моли да се врати дома. Но, таа бега. Тој ја следи во мрачниот и опасен свет кој никогаш не ни знаел дека постои. Свет во кој владеат криминалните банди, каде што дрогата е главна валута, а убиствата нешто вообичаено. Сега неговиот живот е во опасност. И никаде и никој не е безбеден …

Begaj

Романот „Бегај“, што првично беше објавен лани, е напнат трилер за една исчезната ќерка.

„Момчето од шумата“, кој на англиски јазик е објавен оваа година, во моментов е бестселер на сите релевантни листи. Човекот познат како Вајлди е мистерија за сите, вклучително и за себеси. Пред неколку декади бил пронајден како момче кое живеело длабоко во шумата, без сеќавања за неговото минато. Откако полициската потрага по семејството на момчето била безуспешна, тој бил даден на посвојување. Сега, триесет години подоцна, Вајлди сè уште не знае од каде доаѓа и живее во шумата во едно предградие, претпочита да биде сам и има само неколку подлабоки врски со други луѓе. Кога ќе исчезне едно локално девојче, познатата ТВ-адвокатка Хестер Кримстајн – со која Вајлди го поврзува еден трагичен настан – ќе го побара да ги искористи неговите уникатни способности за да ја најде. Во меѓувреме, група поранешни воени експерти за безбедност пристигнуваат во градот и кога ќе исчезне уште еден тинејџер, влијанието на случајот се шири надвор од границите на мирното предградие. Вајлди мора да се врати во заедницата во која никогаш не се вклопувал и во која моќните се заштитени дури и кога нивните тајни можат да ги уништат животите на милиони… тајни што Вајлди мора да ги открие пред да биде предоцна.

Momcheto od shumata

„Момчето од шумата“, кој на англиски јазик е објавен оваа година, во моментов е бестселер на сите релевантни листи.

Американскиот автор Харлан Кобен има продадено над 70 милиони книги во светот. Сите негови седум последни романи дебитираа на првото место на листата со бестселери на реномираниот „Њујорк тајмс“, како и на останатите релевантни листи ширум светот. Неговите книги се објавени на 43 светски јазици, меѓу кои и на македонски.

Добитник е на бројни книжевни награди и признанија, меѓу кои „Едгар“, „Шамус“ и „Ентони“. Тој воедно е и првиот автор што ги освои сите овие три награди. Според неговите романи снимени се и филмови. Неговите есеи и колумни се објавени во повеќе светски публикации.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.