Гитаристот Владимир Четкар гостин во емисијата „Астрорум“

Владимир Четкар е гостин во новото издание на емисијата „Астрорум“ чиј автор и водител е Бранка Костиќ-Марковиќ. Роден е во Охрид и уште како мал имал желба да свири гитара, но на почетокот изучувал виолина во тамошното музичко училиште. Потоа, фасцинираноста од плочите со музиката на Chic, Earth Wind and Fire, Cameo, Wes Montgomery, George Benson, Quincy Jones сепак го води кон џезот, фанкот, соулот и диско музиката и сериозното навлегување во тајните на гитарата. Таа цврста определба, поддржана од семејството, ќе го упати и на аудицијата во Италија, на која го положува приемниот испит за престижниот бостонски колеџ за музика „Беркли“.

По завршувањето на студиите, на кои се здобива со врвни знаења од областа на компонирањето, продукцијата и изведуваштвото, продолжува да ја гради својата успешна кариера во Њујорк, но и насекаде на американскиот континент, Азија и Европа. Се разбира, речиси редовно престојува и во својот роден град, радувајќи ја и својата домашна публика со незаборавни концертни претставувања.

Кај публиката ширум светот е обожуван, а музичката критика ги оцени неговите авторски албуми како врвни, што му го донесе епитетот на еден од најистакнатите меѓународни имиња во жанрот на џезот, соулот и фанкот. Ваквиот статус му го обезбедува присуството на најпрестижните музички фестивали во светот, како што е Меѓународниот џез фестивал „Јарасум“ (Јужна Кореја), „Зигет“ (Унгарија), фестивалот „Блу Ноут“ (САД), Интернационалниот џез фестивал во Џакарта (Индонезија), други познати фестивали во Азија, Америка, Европа.  Досега има соработувано со многу елитни имиња во областа, а неговите изданија се под закрилата на значајни дискографски куќи како P-Vine Records (Јапонија), C&L Music (Јужна Кореа), Hitman Jazz Records (Тајланд и Југоисточна Азија), Expansion Records (Велика Британија) и многу други. Неговата музика звучи глобално, на референтни национални и специјализирани радио станици.

Бранка Костиќ со Владимир разговараше на далечина, зашто тој во моментов е во Њујорк, каде што престојува подолго од планираното, заради глобалната криза со корона вирусот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.