„Читањето е супермоќ“ – кампања на „Арс Ламина“ за поттикнување на читачките навики кај децата

Под мотото „Читањето е супермоќ“, издавачката куќа „Арс Ламина“ втора година по ред ја организира кампањата за поттикнување на читачките навики кај децата. Идејата на акцијата е подигнување на читачката култура кај најмладите, затоа што дете што чита е возрасен што размислува. Онлајн кампањата на „Арс Ламина“ има за цел да ја поттикне љубовта кон книгите, да се создадат идни читатели и да се инспирира корисно и паметно поминато време во текот на летниот распуст.
Во рамки на онлајн кампањата „Читањето е супермоќ“, која ќе се одвива преку социјалните мрежи на „Литература.мк“, ќе биде организиран фото-конкурс. Во предизвикот учесниците ќе треба да објават фотографија со некоја од книгите за деца од „Арс Ламина“ (достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на http://www.literatura.mk) и да напишат свое објаснување зошто читањето е супермоќ (означено со хаштазите: #ЧитањетоЕсупермоќ, #Либи, #АрсЛамина, #Литературамк). Кампањата ќе ја поддржат јавни личности од најразлични области, влијателни лица од социјалните мрежи и претставници на сите нивоа на образование.
„Арс Ламина“, како најголем издавач на литература за деца, продолжува да ја збогатува својата понуда на квалитетни книги од задолжителната и незадолжителна литература за деца, од истакнати домашни и светски писатели.

Преку својот импринт „Либи“, „Арс Ламина“ досега има објавено 45 лектири и читанки, кои се разликуваат од сите претходни лектирни изданија на пазарот, пред сѐ, по тоа што се лесно читливи за учениците, вклучително за децата со дислексија. Книгите од едицијата „Лесно читливи лектири“ се изработени според светските стандарди за дислексија, а вклучуваат и речник на помалку познати зборови, како и активности за работа на час. Станува збор за поголем дел од листата на лектири за основно образование одобрени од Министерството за образование и наука. Лектирите се уредени со помош на специјален фонт и според светски утврдени технички стандарди, поради што се одобрени и препорачани и од Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и од Филозофскиот факултет при УКИМ – Скопје. Во тимот на овој проект учествуваа и голем број стручни лица – преведувачи, лектори, илустратори, дизајнери, универзитетски професори, наставници од праксата и други консултанти.
Во понудата на „Арс Ламина“ има и голема продукција на литература за деца од предучилишна возраст: сликовници, и богато илустрирани басни и бајки, кои изобилуваат со многубројни морални поуки, и ги поттикнуваат децата да размислуваат и да проценуваат што е добро, а што не.

Дополнително, сѐ со цел да ја поттикнеме љубовта кон пишаниот збор кај најмладите, во март ја почнавме акцијата видеочитална, во чии рамки, на „Јутјуб“- каналот на „Литература.мк“ објавуваме видеа во кои вработените на „Литература.мк“ и „Арс Ламина“ ги читаат омилените детски книги. Исто така, споделуваме бесплатни извадоци и цели изданија на книжевни класици за деца (во продолженија) на блогот на „Литература.мк“.

Минатата година, во рамки на кампањата во соработка со Институтот за педагогија, се одржаа четири сесии обуки на Филозофскиот факултет насловени како „Развивање на читачките навики и способности кај учениците“, на кои имаше над 1300 посетители, наставници, педагози, библиотекари и воспитувачи од целата држава. Исто така, беше промовирана и новата едиција „Лесно читливи лектири“, чиј број на наслови се збогатува и оваа година.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.